за

Ferrari 458 Speciale A: Последниот Ferrari со мотор без турбо

На салонот во Париз ќе се појави последниот нов модел на Ferrari со атмосферски мотор. Само 499 примероци од 458 Speciale A ќе се изработат во чест на најуспешниот модел со осумцилиндарски мотор.

Новата серија во ограничен број примероци е изработена во чест на успехот на најразличните верзии од 458, моделот што доби многубројни награди од медиумите и постигна победи на тркачките патеки, меѓу другото и двојна титула во WEC, како и победи во класата на трките во издржливост во Леман, Дајтона и Себринг. Само на 499 колекционери ќе им се посреќи да дојдат до примерок од 458 Speciale A (Aperta, отворено), како најсилен спајдер во историјата на разбеснетиот коњ од Маранело. Преклопливиот покрив е изработен од алуминиум, со што разликата во тежината со купето Speciale изнесува само 50 килограми.

458 Speciale A го псоедува најсилниот атмосферски мотор V8 во историјата на Ferrari. Моќноста изнесува 605 КС (135 КС по литар) при 9.000 вртежи, додека масималниот вртежен момент од 540 Nm се постигнува при 6.000 вртежи. На посебна плочка во кокпитот се гравирани трите награди за најдобар спортски мотор во светот што ги освои овој V8. Спринтот до 100 трае 3 секунди, а кругот во Фиорано го вози за 1:23.5 минути. За резултатите придонесуваат и активните спојлери напред и назад, крутоста на каросеријата што е изработена од 10 различни легури на алуминиум и контролата на странично пролизгување SSC.

Специјалниот модел е лакиран во три слоја во жолта боја, со сина и бела лента по средината, како и петкраки ковани бандажи во боја Grigio Corsa. Кокпитот е инспириран од тркачките возила, со лесни, но ексклузивни материјали, изведени во врвна рачна изработка. Кокпитот, облогите на вратите и средишниот тунел се изведени со сини карбонски влакна, додека новите седиште се обложени со алкантара со штепови во контрастна боја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руските санкции против западните автомобили најтешко ја погодуваат самата Русија

Најпродаваните модели во Европа за месец август