за

Ferrari што вреди колку 40 куќи од по милион евра

Ferrari 250 GTO Scaglietti

Вредноста на историските автомобили на Ferrari не престанува да расте. Ferrari 250 GTO на наддавањето во Пебл Бич достигна вредност од 41,6 милиони евра. Тоа е апсолутен рекорд

Како што се очекуваше, викендов во Пебл Бич беше испишано ново поглавје во историјата на наддавањата. Црвено Ferrari GTO 250, со година на производство 1962, достигна вредност како ниту еден друг автомобил пред него. Моделот со број на шасија 3413GT доби нов сопственик по цена од 48,4 милиони долари, односно 41,6 милиони евра. Историскиот чин се случи во саботата на 25-ти август, на големото наддавање на познатата аукциска куќа Сотби, во Пебл Бич, Калифорнија.

Само седум примероци од Ferrari 250 GTO имаат добиено кросерија од Scaglietti

Црвениот тркач е трет изработен примерок во серијата од 36 автомобииииии и потекнува од збирката на поранешниот главен инженер на Мајкрософт и познат колекционер Грегори Уитен. Рекордерскиот Ferrari GTO 250 е во негова сопственост од 2000-та година и уште ги поседува оригиналните мотор, менувач и задна оска. Автомобилот оттогаш учестувал повеќе пати на важните собири на олдтајмери, како и на четири јубилејни тури со GTO.

Ferrari 250 GTO Scaglietti najskap 1

Тоа што му дава екстра вредност на овој GTO е неговата ретка каросерија од Scaglietti и големите имиња во чијашто сопственост се наоѓал автомобилот низ историјата. Британецот Фил Хил, шампион во формула 1 и победник на Леман, во 1962 година учествувал со автомобилот на Тарга Флорио, заради тестирање. Подоцна истата година, прв сопственик на возилото станува џентлменот од тркачките патеки Едоардо Луалди-Габарди. Тој победува на девет од десет трки во италијанскиот ГТ-шампионат.

Рачно изработениот Ferrari во 1964 година добива нова каросерија од Scaglietti. Во низата следни сопственици се среќава и името на Џани Булгари, газдата на светски познатата империја на пазарот на накит.

Дури и почетната вредност на овој Ferrari 250 GTO од 35 милиони долари беше блиску до досегашниот рекорд. Најскап автомобил продаден на наддавање досега беше примерок од истата моделска серија, којшто во 2014 година, на наддавање во Италија му беше продаден на aнонимен купувач, по цена од 38,1 милиони евра.

Вака звучи и вози автомобил што вреди 41,6 милиони евра

Ferrari заработува 69.000 евра по автомобил

Ferrari прв почнува да „пече“ на ниска температура

Дамите и Ferrari – нераскажаната приказна во музејот во Модена

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хајмер приколки за кампување за Кина

Кинезите бараат и приколки за кампување

Lamborghini Aventador SVJ

Lamborghini Aventador SVJ со рекорд во сериската опрема