за

Ferrari ќе произведува повеќе автомобили со новиот шеф

Новиот шеф Серџо Маркијоне (л.) и стариот шеф Лука Кордеро ди Монтеземоло (д.) на денешната конференција за печат

По повеќе од две децении, Монтеземоло го напушта шефовското место во Ferrari. Тој не се сложуваше со плановите на шефот на концернот да се зголеми продукцијата на марката.

Ferrari сепак ќе произведува повеќе автомобили отколку што се планираше првично, по преземањето на раководењето со марката од првиот човек на групацијата Fiat, Серџо Маркијоне. Претходниот шеф Лука Кордеро ди Монтеземоло, којшто поднесе оставка по 23 години на чело на компанијата, планираше да ја ограничи продукцијата на 7.000 возила годишно, со цел да се задржи ексклузивноста на марката Ferrari. Маркијоне сепак смета дека култната италијанска марка има потенцијал за продажба на 10.000 возила годишно.

Новиот шеф планира постепено да се зголемува производството на суперексклузивните модели, како што е милионскиот LaFerrari и на тој начин да се држи чекор со растечкиот круг на ултрабогати купувачи во светот. „Ако тој круг се зголеми, ние мораме да бидеме во состојба да го следиме“, изјави Маркијоне, додавајќи: „Ако списокот на чекање стане предолг, на луѓето им станува здодевно.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По Адам доаѓа следното големо име во Opel: Карл е новиот модел на Германците

Audi A6: Фејслифт за бизнисменската лимузина