за

Ferrari стартува на њујоршката берза, акциите на Fiat пораснаа 80%

Цела година итало-американскиот концерн се подготвуваше за стартот на Ferrari на Вол Стрит. Продажбата на акциите во спортската марка ќе му донесе пари на Fiat. Но, останува голема неизвесност.

По цела една година подготовки, Ferrari се најде на Вол Стрит. На њујоршката берза од денес веќе може да се тргува со хартиите од вредност под кратенката Race. Официјалниот датум уште не е потврден. Инвестициската банка UBS веќе започна со рекламирање на акциите и два скапоцени модела на Ferrari се паркирани директно пред влезот во седиштето на банката во Њујорк. На 6-та авенија се изложени црвена F12 Berlinetta и сина California Cabrio.

Продажбата на 9% од акциите ќе му донесе околу 800 милиони евра на Fiat Chrysler, потребни за одржување на волуменските марки од концернот
Продажбата на 9% од акциите ќе му донесе околу 800 милиони евра на Fiat Chrysler, потребни за одржување во живот на волуменските марки од концернот

Fiat Chrysler Automobiles или скратено FCA досега поседуваше 90 проценти од Ferrari, додека останатите 10 проценти му припаѓаат на Пјеро Ферари, син на легендарниот основач на фирмата, Енцо „Ил Комендаторе“ Ферари. На берзата ќе се најдат девет проценти од капиталот на Ferrari, од кои се очекува да донесат 786 милиони евра. Акциите чинат меѓу 42 и 46 евра, што значи дека италијанската суперспортска марка моментно вреди 9,9 милијарди долари. Останатите 80 проценти од акциите ќе останат во сопственост на FCA до почетокот на следната година, кога истите ќе се распределат меѓу акционерите на италијанско-американскиот автомобилски концерн. Потоа, секој мал акционер во Fiat ќе стане сопственик на удел во благородната марка.

Продажба на акциите на Ferrari за обичните марки на Fiat Chrysler да се одржат во живот?

Околу берзанскиот старт на Ferrari досега имаше многу колебања. FCA уште пред цела една година најави дека ќе ја понуди спортската марка на продажба, но целата работа почна да се одолговлекува неочекувано. Според мислењата на експерти, успехот на акциите на Ferrari е ограничен, затоа што марката бележи мал раст и троши енормни суми во развој на нови технологии. Во меѓувреме, од појавувањето на Ferrari на берзата најмногу профитираат акциите на Fiat. Откако беше објавено дека за акциите на Fiat ќе се добиваат акции на Ferrari, курсот на Fiat Chrysler Automobiles порасна за преку 80 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уникатниот Audi со 1.000 КС на Јон Олсон украден, па запален

И Мitsubishi Electric довезува автомобил на салонот во Токио