за

Ferrari оди на берза да обезбеди пари за Alfa Romeo

Вредноста на акциите на Ferrari на њујоршката берза се очекува да достигне 10 милијарди долари. Една десетина од акциите ќе им се понуди на инвеститорите заради обезбедување свеж капитал во италијанско-американскиот концерн.

Шефот на концернот Fiat Chrysler, Серџо Маркијоне, наскоро ќе го реализира планот да обезбеди свеж капитал за експанзијата на марките од концернот преку понуда на акциите на Ferrari на њујоршката берза. Планот е околу 10 проценти од акциите да им се понудат на инвеститорите, а 10 проценти да останат во сопственост на Пјеро Ферари, синот на основачот Енцо Ферари. Останатите 80 проценти од акциите на сега независниот производител на суперспортски автомобили ќе се распредели меѓу постоечките акционери во Fiat Chrysler.

Една милијарда долари од продажбата на акциите на њујоршката берза

Во почетокот на месец јули, Маркијоне изјави дека очекува вредноста на Ferrari да достигне преку 10 милијарди долари. Аналитичарите тогаш посочија дека во тој случај само на марката Ferrari би отпаднале 60 проценти од вкупната вредност на целиот концерн Fiat Chrysler. Во случај вредноста на новата компанија Ferrari NV навистина да достигне 10 милијарди долари, Fiat Chrysler ќе обезбеди една милијарда готовински средства од продажбата на акциите, додека на акционерите на Fiat Chrysler ќе им припаднат околу осум милијарди долари.

Намерата на Маркијоне со продажбата на акциите на Ferrari е да се обезбедат свежи средства од акционерите и истите да се инвестираат првествено во експанзијата на марките Alfa Romeo, Jeep и Maserati. Во следните три години, Alfa Romeo ќе претстави осум нови модели, со кои Маркијоне очекува да постигне повисока заработувачка отколку со стандардната понуда на модели во италијанско-американскиот концерн. Од друга страна, Fiat Chrysler има и долгови за отплата, во висина од околу две милијарди долари. Постојат гласини дека Fiat Chrysler наскоро би можел да ја продаде и дивизијата Magneti Marelli.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пазарните аналитичари со слаби прогнози за Opel Astra

Местење цени во Шпанија: Казна од 171 милион евра за автопроизводителите