174
24 shares, 174 points

Во септември во седиштето во Маранело ќе се одржи наддавање за олдтајмери од седумте децении историја на Ferrari. Неколку модели се проценети на повеќе од пет милиони евра, но кога е во прашање Ferrari, на наддавањето може лесно да се случи крајната цена неколкукратно да ја надмине проценетата вредност.

Уште еден месец преостанува до одржувањето на најголемото наддавање за историските модели на Ferrari, со коешто легендарната марка го заокружува прославувањето на седумдесетгодишнината. На 9-ти септември во седиштето на марката во Маранело ќе се најдат три дузини олдтајмери од сите декади.

Најголемата битка за преземање на сопствеништвото ќе се води за Ferrari 250 GT LWB California Spider со каросерија од Scaglietti и број на шасија 1503 GT. Колекционерите долго го исчекуваат овој автомобил од 1959 година, кој веќе две децении се наоѓа кај актуелниот сопственик и ретко се има појавувано пред јавноста. Аукциската куќа RM Sotheby’s го проценува автомобилот меѓу 7,5 и 9,5 милиони евра.

To celebrate our #Ferrari70 year, we have teamed up with RM Sotheby's for one of the most important single marque…

Posted by Ferrari on Wednesday, August 9, 2017

Повеќе од три децении се изминати откако Ferrari го претстави својот прв суперавтомобил 288 GTO. На наддавањето се појавува примерок од овој модел, со шасија број 57709, кој се смета за еден од најдобро сочуваните. Како 255-ти во серијата од 272 произведени примероци, 288 GTO е речиси во фабричка состојба. Сегашниот сопственик го има купено во 1993 година и оттогаш е гаражиран. Автомобилот има изминато само 729 километри. Вредноста се проценува меѓу 3,25 и 4 милиони евра.

Неколку од најзначајните модели на Ferrari за коишто ќе се наддава во септември:

Од 1950-те години

  • 1950 Ferrari 195 Inter Coupé, број на шасија 0081 S (€1,100,000 – €1,500,000);
  • 1953 Ferrari 250 Europa Coupé, број на шасија 0313 EU (€2,800,000 – €3,400,000);
  • 1955 Ferrari 750 Monza, број на шасија 0534 M (€3,400,000 – €3,800,000);
  • 1955 Ferrari 500 Superfast Series II, број на шасија 8897 SF (€1,600,000 – €2,300,000);
  • 1958 Ferrari 250 GT Cabriolet Series I, број на шасија 0791 GT (€4,900,000 – €5,700,000).

Од 1960-те и 1970-те години

  • 1960 Ferrari 250 GT Cabriolet Series II, број на шасија 1779 GT (€1,350,000 – €1,650,000);
  • 1966 Ferrari 275 GTB Alloy, број на шасија 08111 (€2,400,000 – €2,800,000);
  • 1967 Ferrari 330 GTS, број на шасија 09481 (€1,800,000 – €2,200,000);
  • 1973 Ferrari Dino 246 GTS, број на шасија 07214 (€375,000 – €450,000).

Од 1980-те, 1990-те години и по 2000-та година

  • 1989 Ferrari F40, број на шасија 83572 (€950,000 – €1,100,000);
  • 1994 Ferrari 348 GT/C LM, број на шасија 97553 (€390,000 – €450,000);
  • 1994 Ferrari 333 SP, број на шасија 006 (€2,800,000 – €3,300,000);
  • 2004 Ferrari Enzo, број на шасија 136733 (€1,800,000 – €2,000,000);
  • 2012 Ferrari 599 GTO, број на шасија 174698 (€425,000 – €500,000).

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
24 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730