153
20 shares, 153 points

Спортската марка од Маранело е вистинска ковачница за пари, кога станува збор за заработката по продадено возило. За споредба, Volkswagen мора да продаде 142 возила за заработка иста кaко Ferrari.

Ferrari е неприкосновен шампион во поглед на заработката. Од секое продадено возило, Италијанците касираат 18 проценти од цената како добивка. При просечна цена на возило од 310.250 евра, произлегуваат по 56.000 евра од секој спортски автомобил. На второто место меѓу автомобилските марки со најголема маржа се наоѓа Porsche со 16,7 проценти, односно 15.641 евра. Според апсолутните бројки, на третото место е групацијата Jaguar Land Rover со 4.068 евра по возило, додека во поглед на маржата, местото му припаѓа на BMW, со 9,5 проценти.

Од големосериските производители, најмногу пари по продадено возило заработува концернот Ford. Американскиот производител на автомобили во првото полугодие остварил заработка од 1.652 евра по возило, што одговара на маржа од 8,7 проценти.

Азиските производители повеќе не заработуваат врвни суми

Азиските производители, првенствено Toyota и Hyundai-Kia, до пред неколку години важеа како печатници за пари. Нивната актуелна маржа на добивка е во просекот. Toyota заработува по 1.602 евра од возило, што значи дека маржата изнесува осум проценти, додека корејската конкуренција доаѓа до 755 евра и маржа од шест проценти.

Концернот Volkswagen е поскромен, со 801 евро и 4,5 проценти. Сведено само на марката Volkswagen, соодветните бројки изнесуваат 395 евра и 1,7 процент. Во овие бројки не влегуваат ефектите од дизел-скандалот. Сите овие вредности се однесуваат само на заработката од автомобилскиот бизнис, не вклучувајќи ги дополнителните ефекти од финансиските услуги или од добавувачките синџири на одделните автомобилски концерни.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743