за

Водителот на „Car SOS“ ќе се трка со De Dion од 1904 година

фаз таунсенд со де дион бутон модел 3 на лондон брајтон
фаз таунсенд со де дион бутон модел 3 на лондон брајтон

Фаз Таунзенд, еден од водителите на познатото тв-шоу „Car SOS“ ќе седи зад воланот на De Dion од 1904 година, на прочуената трка со олдтајмери од Лондон до Брајтон.

Автомобилот што Фаз Таунсенд ќе го вози на годинешното издание на трката со олдтајмери од Лондон до Брајтон потекнува од колекцијата на Националниот автомобилски музеј во Бјули и еден е од вкупно петте возила што ги позајмува музејот за оваа трка од историско значење.

Покрај De Dion од 1904 година, музејот во Бјули ги пушта уште Fiat 3.5hp од 1899 година – Fiat инаку прославува 120 годишнина – потоа De Dietrich 24hp од 1903 година и Daimler 22hp од 1903 година.

Пред трката, гуруто на автомобилската техника, Фаз, направи пробно возење на 115-годишниот De Dion Bouton Model Q, за совладување на контролата над возилото и за откривање на тајните, кои се својствени за автомобилите од тоа време. Возилото не достига ниту 50 km/h, но пак е потребно мајсторство да се задржи контролата.

Фаз коментира: „De Dion е мошне страшен за возење, но ова искуство ќе се помни. Верувам дека ќе ми бидат потребни околу шест часови да се спуштам до Мадера Драјв, при што веројатно ќе бидам накиснат, настинат и ќе ми треба шоља чај!“

На трката со најдолга историја, од Хајд Парк во Лондон до Мадера Драјв во Брајтон, во должина од близу 100 километри, учествуваат повеќе од 400 возила. Трката се одржува во недела, на 3-ти ноември.

Фаз Таунзенд досега има реставрирано повеќе од 70 олдтајмери за тв-каналот „National Geographic. Овој поранешен технички уредник на магазинот „Practical Classics“, денес поседува сопствена работилница за реставрација.

Голем број британски личности од јавната сцена и од автомобилизмот имаат учествувано на Лондон-Брајтон, меѓу нив Сер Стирлинг Мос, Сер Џеки Стјуарт, а лани и познатиот пекар Пол Холивуд.

Мајк Бруер издаде водич за користени автомобили

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да произведеш метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

Како се добива метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

volkswagen passat montaza

Volkswagen го одложува решението за фабриката во Турција