за

Faraday Future не успеа да стане конкурент на Tesla

Faraday Future FF 91 00002

Еден од тројцата основачи на Faraday Future ја напуштил компанијата. Неизвесна е иднината на конкурентот на Tesla, кој во август го претстави својот прв автомобил подготвен за сериско производство, со 1.050 КС и изобилство од напредни технологии. Дали електричниот погон се злоупотребува за лажни ветувања и извлекување масивни суми пари од инвеститори гладни за „автомобилска слава“

Несудениот производител на електрични автомобили Faraday Future е во длабока криза. Обидот компанијата да се спаси со намалување на платите и скусување на работниот персонал не вроди плод. Само еден ден по заминувањето на менаџерот на General Motors, Питер Савејџан, кој беше надлежен за развојот на модели, сега и Ник Семпсон си заминува од компанијата. Семпсон е еден од тројцата основачи на Faraday Future, компанијата што требаше да се развиен во сериозен конкурент за Tesla.

Не е првпат познати менаџери од браншата да го напуштаат Faraday Future. Во почетокот на 2017 година, поранешниот шеф за финансии во BMW и во Deutsche Bank, Штефан Краузе, беше ангажиран во старт-ап компанијата за електрични автомобили, но ја напушти истата по само неколку месеци.

Faraday Future FF 91

Faraday Future неодамна остана без својот најголем инвеститор, кинескиот концерн за трговија со недвижнини Evergrande Group. Тоа резултираше со затворање на неколку сектори во седиштето на Faraday Future во Калифорнија, со испраќање на персоналот на принуден одмор и со скусување на платите. Шефот на компанијата, милијардерот Јиа Јуетинг, за својот ангажман во компанијата си плаќа по само еден долар месечно.

Во август годинава, компанијата го претстави СУВ-моделот FF 91, како свој прв автомобил подготвен за сериско производство, со импресивна моќност на електричниот погон од 1.050 КС.

Како менаџерите успеваат да извлечат огромни суми од моќни инвеститори, ветувајќи „автомобилска“ слава

Автомобилската бранша постојано привлекувала моќни инвеститори, или поточно, тоа им успевало на умешни менаџери, обично со искуство во големите автомобилски компании, кои им ветувале фантастични успеси на финансиски магнати, желни за нивното име да се појави во браншата на четири тркала. Електромобилноста моментно носи голем бран од стартап-компании кои уште се надеваат дека ќе станат значајни имиња на сцената. Сето тоа им носи гигантски профити на менаџерите кои го преземаат „градењето“ на новите автомобилски марки.

Најпознатиот пример за големи ветувања и никакви остварувања е DeLorean, автомобилот од „Враќање во иднината.“ Приказната е раскажана одлично во книгата „The Yugo: The Rise and Fall of the Worst Car in History“, во којашто авторот Џејсон Вуиќ пишува за вмешаноста на менаџерите во потфатот Југо-Америка и во компанијата DeLorean, како една од најголемите измами во браншата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG A35 4Matic

Умерена варијанта на AMG е кога има 306 КС

Audi e-tron dobavuvaci proizvodstrvo

Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron