138
19 shares, 138 points

Само пред една година, Faraday Future се појави на големата сцена со спектакуларен прототип, кој изгледаше премногу футуристички за да се поверува дека новата марка е сериозна со плановите да стартува со сериско производство на електрични автомобили. Во меѓувреме, во Лас Вегас е претставен првиот сериски модел на Faraday Future, кој навистина поставува нови стандарди во секој поглед.

Производителите на автомобили се покажаа како големи ѕвезди на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, особено новодојденците во браншата. Два дена пред официјалното отворање на вратите на саемот за посетителите, стартап компанијата Faraday Future премиерно го претстави својот прв автомобил од сериско производство во градот на игрите на среќата.

Faraday Future FF 91

Компанијата со масивна финансиска подршка од Кина го рекламира својот 5,25-метарски автомобил како „најпаметен во светот, најдобар компјутер на тркала и најсилен електричен автомобил на сите времиња. Дизајнот на возилото под кодна ознака FF 91 балансира меѓу концептен автомобил и сериска авангарда, со луксузот се мери со крстосувачите од благородните британски марки, а со перформансите го деградира дури и Ferrari.

„Ние го изработуваме првиот автомобил од сосем нов вид и сите останати возила стануваат излишни“

Зад Faraday Future стои кинескиот милијардер Јиа Јуетинг, којшто само за пет години успеа стартап компанијата со триесетина вработени да ја израсне во солиден производител на автомобили со околу 1.500 вработени и со џиновска фабрика во изградба токму пред портите на Лас Вегас.

Faraday Future FF 91

За челниците на Faraday Future, „светот е премногу вреден за да се препушти на старите производители на автомобили со нивните мотори со внатрешно согорување“. Луѓево очигледно сакаат да го свртат светот на четири тркала наопаку. FF 91 ги поседува сите можности за поврзување на мрежа, располага со сопствен екосистем и вештачка интелигенција што го заменува човекот зад воланот, има десет камери, дванаесет сензори за ултразвук, тринаесет радарски очи и лидар-сензор распослан по хаубата.

Побрз од болидите во формула Е: Помалку од 2,5 секунди до 60 милји на час

Традиционалните вредности, како брзина и моќност, сепак остануваат најважни. Faraday Future пред премиерата објави видео во коешто FF 91 се натпреварува во спринт против Tesla Model X, Bentley Bentayga и Ferrari 488 GTB. Исходот тогаш не беше познат, но ова се очекуваше: На електромобилот му се потребни 2,39 секунди за спринт до стотка – поточно до 60 милји на час или 96 километри на час. Тоа е за некоја десетинка побрзо дури и од болидите во формула Е, каде што компанијата е присутна уште од самиот почеток на тркачката серија.

Faraday Future FF 91

Перформансите се заслуга на електромоторите со вкупна моќност од 1.050 КС и „камонски“ вртежен момент од 1.500 њутнметри. За моќта да трае соодветно, во FF 91 се вградуваат батерии со најголема енергиска густина во браншата и со рекордерски капацитет од 130 киловатчасови. Батериите од LG Chem се вградени во класична „скејтборд“ архитектура, во подот на возилото. Најважното: Досег до 700 километри!

На најмоќните брзи полначи, батериите добиваат нова енергија за 500 милји или над 800 километри за само еден час. FF 91 може да се полни на секаков вид полначи и со 200 киловати го поседува најмоќниот сопствен полнач досега.

Бандажите се отвораат за да спроведат дополнителен воздух за ладење

Меѓу највпечатливите технолошки иновации се бандажите што се отвораат во текот на возењето, за по потреба да пуштат повеќе воздух за ладење, и потоа се затвораат за да ја вратат оптималната аеродинамика. Задната клупа се залегнува повеќе отколку во Maybach, а од германската марка потекнува и идејата за затемнувачки прозорци и сончев покрив. Не изненадува и тоа што FF 91 е првиот автомобил што се отклучува и стартува без клуч.

Најважното прашање засега останува неодговорено. Цената. За тристотините примероци од првата серија наречена Alliance Edition, којашто ќе стартува со испорака в година, купувачите треба да остават капар од 5.000 долари. Фактичката цена на FF 91 би требало да изнесува меѓу 150 и 200 илјади евра, доколку се земат предвид цените на конкуренцијата.

Тоа што премиерното возило во Лас Вегас откажа служба среде бина и со главниот финансиер Јиа Јуетинг зад воланот, веројатно нема да ги обесхрабри луѓето во Faraday Future. Исто како и идните сопственици. Автомобилов заслужува успех најмалку исто толку добар како на калифорнискиот конкурент.

Faraday Future FF 91

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743