за

Сега има премногу фабрики за батерии?

батерии електрични автомобили

Во бизнисот со батерии за електрични автомобили влегуваат сé повеќе претпријатија, иако пазарот е веќе презаситен. На тоа предупредуваат заклучоците во едно глобално истражување.

Нова студија спроведена на глобално ниво открива дека понудата од батерии за електрични автомобили расте многу побрзо од побарувачката. Огромен број нови фирми се отвораат низ светот, иако постоечките капацитети одвај работат на границата на рентабилноста. Тоа е заклучокот во студијата на познатата консултантска компанија Бринел.

Пазарот на батерии станува балон кој само што не пукнал“

Речиси сите големи производители на автомобили видоа нова шанса во производството на батерии и изградија сопствени фабрики со огромен капацитет. Студијата предупредува дека „пазарот на батерии станува балон кој само што не пукнал“.

Најголемиот број фабрики се наоѓаат во Кина. Трендот ќе продолжи и во наредните години, иако повеќето од фабриките би требало наскоро да исчезнат од пазарот. Се проценува дека во 2021 година ќе се произведуваат за една третина повеќе батерии, отколку што ќе им биде потребно на производителите на автомобили.

Решението е во стационарните системи за акумулирање енергија од стари батерии од електрични автомобили

Излез од ситуацијата се гледа во стационарната примена на старите батерии од електричните автомобили. По околу осум години се намалува способноста на литиум-јонските батерии да акумулираат енергија, а со тоа се намалува и досегот што можат да го минат автомобилите. Но, старите батерии може да се користат за стационарно акумулирање енергија.

Авторите на студијата сметаат дека производителите на батерии од рангот на Bosch или ElringKlinger, а наскоро и BMW, Daimler или Volkswagen, можат рано да се позиционираат во ова подрачје и да формираат уште еден профитабилен огранок. Старите батерии од електричните автомобили може да се користат и во трактори, како и во опрема за рудници.

Renault развива нова батериска техника за 2025 година

Mercedes вложува 100 милиони евра во фабрика за батерии во Тајланд

Honda ќе ги полни батериите за 15 минути

Нова батерија на Toshiba ветува 300 километри за пет минути

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda планира да отвори уште една фабрика

merecdes glc f-cell

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell