164
21 shares, 164 points

Откако целото производство на автомобили во Европа беше ставено во мирување во рок од само неколку денови, сега следи истиот чекор и во САД. General Motors и Ford ги запреа производствените ленти во своите фабрики.

Најголемите американски производители на автомобили General Motors и Ford се спогодија со синдикатот на автомобилските работници за привремено запирање на производството во Северна Америка, поради кризата околу вирусот корона. За шефицата на GM, Мери Бара, сигурноста на вработените е најважна.

Производствените ленти во САД, Канада и Мексико првично ќе мируваат до 30-ти март. Според објавите на американските медиумим, третиот по големина производител на автомобили Fiat Chrysler исто така ќе го запре производството.

Претседателот на синдикатот на работниците во автомобилската индустрија во Северна Америка, Рори Гембл, го оцени чекорот на концерните како „мудро решение“. Со прекинувањето на работата се заштитуваат членовите на синдикатот, нивните семејства и заедницата, соопшти Гембл. Синдикатот во последните неколку денови вршеше силен притисок врз производителите, за производството да запре заради сигурност на вработените.

Јапонскиот производител Honda синоќа исто така објави дека ќе го запре производството во своите фабрики во САД, Канада и Мексико до 23-ти март. Мерката опфаќа околу 27.600 вработени лица во компанијата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *