148
20 shares, 148 points

Макпетрол летово ги проширува границите на достапност на метанот. Евтиното и посебно еколошко гориво веќе е достапно во Гевгелија, од 1-ви август метанот ќе се точи и во Битола. Производителите нудат фабрички подготвени возила за погон на метан во сите класи и форми, од Fiat Panda до престижниот Audi A5. За возачите да почнат повеќе да се интересираат за погонот, неопходно е да се обезбедат и дополнителни повластици, од типот на пониски трошоци при регистрација или субвенција при купување, поради еколошката погодност. Во услови на висока загаденост на воздухот, метанот е шанса што не смее да се пропушти.

Две нови станици за гориво на Макпетрол нудат метанско гориво за македонските возачи. Станицата Гевгелија веќе точи, во Битола ќе се точи од 1-ви август. Бројот на станици на коишто е достапен компримираниот природен гас или метанот уште е незначителен, затоа што станува збор за само шест станици. Но, потегот на нашиот водечки дистрибутер на горива не е безначаен. Напротив, со Гевгелија и Битола се прошируваат границите на достапност на горивото – досега беа само Скопје и Куманово. Тоа не значи друго, освен: Мрежата на достапност на метанот продолжува да се шири, веројатно уште поинтензивно отколку досега.

Предностите на метанот се огледуваат првенствено во пониската цена, моментно 42,00 денари за килограм (25-ти јули), наспроти 28,50 денари за литар автоплин, 69,50 денари за литар бензин и 61,50 денари за литар дизел. Обично предизвикува забуна тоа што метанот се пропагира како најевтино гориво, а чини повеќе од автоплинот – разликата е во тоа што возилата со погон на метан трошат значително помалку гориво, во споредба со вредностите кај погонот на автоплин.

За основна ориентација, метанот има околу 130 октани, наспроти 95 октани на супер бензинот. Понатаму, еден килограм метан содржи енергија исто колку 1,28 литар дизел или 1,44 литар бензин.

Тоа што прави метанот да биде особено интересен во услови на екстремна загаденост на воздухот во студениот период од годината е неговата еколошка погодност. Метанот не е отровен и не е канцероген. При согорувањето се создаваат значително помалку штетни материи отколку кај бензинот, а особено дизелот. Емисијата на СО2 е за околу 20% пониска во споредба со бензинот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повеќе информации и совети околу метанот ќе подготвиме за кон крајот на летото. Во продолжение е основен преглед на фабрички модели со погон на метан. Цените и понудите важат за германскиот пазар, кај нас официјално не се нуди ниту една моделска изведба што фабрички е приспособена да користи метан. Префрлувањето од бензин и дизел на метан се работи во сервисот на Honda на Илинденска.

Audi A3 Sportback 30 g-tron S tronic

Работна зафатнина 1498 ccm, 130 КС при 5000/min, 200 Nm при 1400/min, 7-степен менувач со двојна спојка, издувна норма Euro 6d temp evap-isc, багажник 280/1120 литри, тежина 1385 kg, 0-100 km/h 9,4 s, крајна брзина 211 km/h, надворешна бучава во возење 67 dB, резервоар 17,3 kg (+бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 4,2 kg/100 km

Емисија на СО2 114 g/km

Цена 30.600 евра

Audi A5 Sportback 40 g-tron S tronic

Работна зафатнина 1984 ccm, 170 КС при 4450/min, 270 Nm при 1650/min, 7-степен менувач со двојна спојка, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 390/1200 литри, тежина 1650 kg, 0-100 km/h 8,4 s, крајна брзина 224 km/h, надворешна бучава во возење 71 dB, резервоари од 17,3 kg (+бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 4,6 kg/100 km

Емисија на СО2 125 g/km

Цена 43.900 евра

Fiat Panda 0.9 8V Twinair Natural Power Easy

(вредностите во заграда важат при погон на бензин)

Работна зафатнина 875 ccm, 70 (85) КС при 5500/min, 135 (145) Nm при 2500(1900)/min, 5-степен мануелен менувач, издувна норма Euro 6d temp, багажник 200/870 литри, тежина 1155 kg, 0-100 km/h 14,1 (12,7) s, крајна брзина 162 (170) km/h, надворешна бучава во возење 74 dB, резервоар од 12 kg (+за бензин 35 L)

Потрошувачка, просек (NEDC) 3,6 kg (5,5 L)/100 km

Емисија на СО2 97 (125) g/km

Цена 16.460 евра

Fiat Qubo 1.4 8V Natural Power Pop

(вредностите во заграда важат при погон на бензин)

Работна зафатнина 1368 ccm, 70 (77) КС при 6000/min, 104 (115) Nm при 3000/min, 5-степен мануелен менувач, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 250/2400 литри, тежина 1365 kg, 0-100 km/h 17,5 (15,9) s, крајна брзина 149 (155) km/h, надворешна бучава во возење 73 dB, резервоар од 13,2 kg (+за бензин 45 L)

Потрошувачка, просек (NEDC) 3,1 kg (7,8 L)/100 km

Емисија на СО2 139 (174) g/km

Цена 16.210 евра

⇒ Истата погонска спрега работи и во: Fiat Fiorino Combi и Fiat Doblò Combi

SEAT Ibiza 1.0 TGI Reference

Работна зафатнина 999 ccm, 90 КС при 4500/min, 160 Nm при 1900/min, 5-степен мануелен менувач, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 262/1072 литри, тежина 1257 kg, 0-100 km/h 12,1 s, крајна брзина 180 km/h, надворешна бучава во возење 67 dB, резервоар од 13,8 kg (+за бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 3,8 kg /100 km

Емисија на СО2 106 g/km

Цена 17.510 евра

SEAT Leon 1.5 TGI Style DSG

Работна зафатнина 1498 ccm, 130 КС при 5000/min, 200 Nm при 1400/min, 7-степен менувач со двојна спојка, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 275/- литри, тежина 1334 kg, 0-100 km/h 9,9 s, крајна брзина 206 km/h, надворешна бучава во возење – dB, резервоар од 17,3 kg (+за бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 4,0 kg /100 km

Емисија на СО2 111 g/km

Цена 25.350 евра

⇒ Погонот на метан во SEAT е достапен уште во Leon ST 1.5 TGI и во SEAT Arona 1.0 TGI

Skoda Octavia Combi 1.5 TSI G-Tec Active DSG

Работна зафатнина 1498 ccm, 131 КС при 4800/min, 200 Nm при 1400/min, 7-степен менувач со двојна спојка, издувна норма Euro 6d temp evap-isc, багажник 480/1610 литри, тежина 1389 kg, 0-100 km/h 10,0 s, крајна брзина 202 km/h, надворешна бучава во возење 73 dB, резервоар од 17,7 kg (+за бензин 11,8 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 6,3 kg /100 km

Емисија на СО2 113 g/km

Цена 26.510 евра

⇒ Skoda Scala исто така ќе биде достапна со погон на метан наскоро, со еднолитарски TSI со 90 КС

VW Polo 1.0 TGI Comfortline

Работна зафатнина 999 ccm, 90 КС при 4000/min, 160 Nm при 1800/min, 6-степен мануелен менувач, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 251/1025 литри, тежина 1275 kg, 0-100 km/h 11,9 s, крајна брзина 183 km/h, надворешна бучава во возење 66 dB, резервоар од 13,8 kg (+за бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 3,8 kg /100 km

Емисија на СО2 103 g/km

Цена 20.550 евра

VW Golf 1.5 TGI BlueMotion Trendline DSG

Работна зафатнина 1498 ccm, 130 КС при 4800/min, 200 Nm при 1400/min, 7-степен менувач со двојна спојка, издувна норма Euro 6d temp evap, багажник 291/1181 литри, тежина 1370 kg, 0-100 km/h 9,6 s, крајна брзина 206 km/h, надворешна бучава во возење 69 dB, резервоар од 17,3 kg (+за бензин 9,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 4,1 kg /100 km

Емисија на СО2 112 g/km

Цена 28.730 евра

⇒ Погонот на метан е достапен и во VW Golf Variant

VW eco up! 1.0 take up!

Работна зафатнина 999 ccm, 68 КС при 6200/min, 90 Nm при 3000/min, 5-степен мануелен менувач, издувна норма Euro 6d temp, багажник 213/913 литри, тежина 1033 kg, 0-100 km/h 16,3 s, крајна брзина 165 km/h, надворешна бучава во возење 69 dB, резервоар од 11,0 kg (+за бензин 10,0 L)

Потрошувачка, просек (WLTP) 3,7 kg /100 km

Емисија на СО2 103 g/km

Цена 13.885 евра

Идентичните Skoda Citigo и SEAT Mii со погон на метан беа во понуда до јуни годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *