160
21 shares, 160 points

Необичниот Ferrari FF официјално се води како спортско комби, но сега излегоа докази што укажуваат дека моделот првично бил замислен како спортски теренец. Маранело и натаму демантира.

Италијанските медиуми објавија фотографии на коишто се наоѓаат прототипите предложени од дизајнерското студио Italdesign за новиот модел FF, а меѓу нив и прототипот со кодна ознака F151 и препознатлива силуета на спортски теренец. Тоа недвосмислено укажува дека спортската марка од Маранело пред завршетокот на минатата декада го подготвувала актуелниот Ferrari FF како спортски теренец. Со фотографиите од F151 се потврдуваат шпекулациите што долго време кружат околу идејата на Ferrari да го повтори чекорот на Porsche и да влезе во исплатливиот бизнис со SUV-возила. Германците во меѓувреме продаваат повеќе теренци отколку спортски купеа и се приближуваат до продукциска бројка од 200.000 возила на годишно ниво, без имиџот на марката да трпи од тоа.

Ди Монтеземоло и Маркијоне немаат различни ставови околу теренецот на Ferrari

Маранело сепак се откажа од идејата и во 2011 година го претстави новиот FF како спортско комби. Меѓу другото, FF е првиот модел на Ferrari со погон на сите тркала. Ferrari веројатно планирал да ја тестира и тренира реакцијата на публиката со комби-купето како преодна фаза до конечното претставување на фактичкиот теренец од марката. Уште колку време ќе трае тестирањето и тренирањето на публиката знаат стратезите во италијанската марка. Во меѓувреме се смени и шефот. На местото на Лука ди Монтеземоло сам се постави првиот човек на Fiat Chrysler, Серџо Маркијоне. Овој менаџер со вечен пуловер оттогаш демантираше неколкупати дека Ferrari подготвува SUV. Причина за заминувањето на Монтеземоло сепак не беа неговите планови за спортски теренец, туку слабите резултати во формула 1. Како што напредуваат работите, моментот до појавувањето на теренски Ferrari е се поблиску.

ferrari f151 2


Like it? Share with your friends!

160
21 shares, 160 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730