за

Европа сака самостојно да произведува батерии за електрични автомобили

Mercedes обучи 45.000 работници за електричниот погон
Mercedes обучи 45.000 работници за електричниот погон

Европа заостанува зад Азија во поглед на производството на батериски ќелии. Поради тоа, ЕУ го субвенционира развојот на батерии за електрични автомобили.

Комисијата на ЕУ одобри масивни државни субвенции за изградба на сопствено производство на батерии во Европа. На седум држави членки во следните години ќе им стои на располагање субвенциски фонд во висина од 3,2 милијарди евра, наменети за истражување и развој. Тоа дополнително ќе поттикне и приватни инвестиции во висина од пет милијарди евра.

Производството на батерии во Европа е од стратешки интерес за нашето стопанство и општество“, изјави комесарката за конкурентност Маргрете Вестагер. Производството на батерии отвора големи шанси во поглед на мобилноста и енергијата без штетни материи, како и отворање работни места, одржливост и конкурентност. Проектот ќе трае до 2031 година.

Со плагин-хибриден Passat извозевме цела рута од Велес до Скопје само на струја: Повеќе за нашата репортажа тука

Европа заостанува во производството на батерии за електрични автомобили првенствено зад Азија и целта сега е да се избегне зависноста. Според процените, моментно повеќе од 80 проценти од производството на батерии во светски рамки отпаѓаат на Азија, наспроти само три проценти на Европа. Поради тоа, комисијата на ЕУ на крајот на 2017 година формираше алијанса за батерии, за европските производители да надоместат за заостатокот. Европската продукција ќе се организира според примерот на производителот на авиони Airbus.

Батеријата е најскапата компонента кај електричните автомобили

Повеќе европски држави започнаа програми за создавање сопствено производство. Заедничката цел е една третина од светската продукција на батериски ќелии да се донесе во Европа. Во проектот што го субвенционира ЕУ е опфатено производство на литиум-јон батерии, што ќе бидат подолготрајни и ќе се полнат побрзо.

>>> Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Во финансирањето на субвенцискиот фонд, Германија учествува со една милијарда евра, Белгија со 90 милиони евра, Финска со 30 милиони евра, Франција (960 милиони), Италија (570 милиони), Полска (240 милиони) и Шведска (50 милиони). Во првиот проект се вклучени и францускиот производител Peugeot и неговата посестринска марка Opel, како и прозиводителот на батерии Saft. Други партнери се BMW, хемискиот концерн BASF и производителот на мали батерии Varta. Volkswagen ќе реализира соработка со шведскиот стартап Northvolt.

Хибридите се уште доминираат во продажбата на автомобили со електрифицирана погонска спрега во европски рамки. Ја следевте нашата 800-километарска рута низ Македонија со еден резервоар со Toyota Corolla?

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 2)

Toyota Corolla 2019 Hybrid Sedan test
Toyota Corolla 2019 Hybrid Sedan test

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

Honda Civic Sport Line

Honda Civic покажува мускули во моделското годиште 2020