за

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти
Европски градови им препуштаат улици на пешаци и велосипедисти

Берлин, Брисел, Милано и Париз, сите овие градови презедоа промени во уличната мрежа, со цел да го поттикнат возењето велосипед и пешачењето, во време додека се чека стивнување на пандемијата од Ковид-19.

Берлин привремено ги прошири велосипедските патеки со цел да се овозможи безбедно престигнување, имајќи го предвид социјалното дистанцирање. Милано затвори улици во вкупна должина од 35 километри, воведе ограничување на брзината на 30 km/h во повеќе подрачја на градот и по улиците им дава приоритет на велосипедистите и пешаците.

Во Франција, Париз и уште неколку големи градови најавија масивно проширување на велосипедските патеки, за периодот додека важи ограничено движење, но и за периодот потоа.

Во Брисел, целиот центар е зона со 20 km/h, со право на предимство на велосипедисти и пешаци

Во белгиската престолнина Брисел, целото централно подрачје ќе стане зона со брзина ограничена на 20 km/h, во којашто на пешаците и велосипедистите ќе им се дозволи да ја користат целата ширина на патот и имаат предимство.

Во другите градови се забрзуваат започнатите проекти на приспособување на концептот на мобилност, затоа што по завршувањето на периодот на ограничено движење, луѓето на враќање од работните места ќе бараат алтернативи за јавниот транспорт, односно за трамваите, метроата и автобусите. Идејата со создавањето повеќе простор за велосипедисти и пешаци, како и со стеснување на просторот за моторен сообраќај е луѓето да се охрабрат да возат велосипед или да пешачат, место да го користат автомобилот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дајмлер пред 135 години го конструираше првиот високотуражен мотор

Дајмлер пред 135 години го конструираше првиот високотуражен мотор

Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина

Поскапи акцизи кај нас, во Германија субвенции за купување автомобили