за

Еуроимпекс и МОБ во соработка за 46-те Мајски Оперски Вечери

Еуроимпекс МОБ

Во пресрет на 46-те Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет ја најави компанијата Еуроимпекс како нов пријател на културната сцена. Како што изјави Ќазим Асотиќ, в.д. директор на МОБ, новите пријатели ќе се погрижат „сите патувања да бидат сигурни, достоинствени и успешни.“

Од претставниците од компанијата, прва имаше обраќање Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност: „Со големо задоволство можам да кажам дека на ваков автомобил и бренд со повеќе од 200 години постоење и традиција, сосем прилега на институција како Македонска Опера и Балет која е основана во далечната 1947 година и исто како и овој бренд има зад себе мноштво успеси и постојано инвестира во своето работење и се стреми кон задоволување и поттикнување на вљубениците во уметноста.

Господин Ќазим Асотиќ е ценет како еден од најголемите амбасадори на Македонската опера и балет, а од денес тој станува амбасадор и на брендот Peugeot, односно на моделот Peugeot 3008 SUV.

Еуроимпекс со гордост ја најавува новата соработка со МОБ

Благодарност за новата соработка искажа и извршниот директор на Еуроимпекс, господин Зоран Серафимовски: „Навистина ми е драго што сме сведоци на еден ваков нов проект, со нови почетоци за една заедничка успешна приказна. Со гордост ја најавувам оваа соработка меѓу компанијата Еуроимпекс и Македонска Опера и Балет, со надеж за многу взаемни успеси и остварени проекти во иднина“.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Еуроимпекс МОБ 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Еуроимпекс МОБ 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Еуроимпекс МОБ 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

Еуроимпекс МОБ 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

Еуроимпекс МОБ 6

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Во пресрет на 46-те Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет подготвува прекрасни доживувања за љубителите на уметноста под мотото #ГоСлавимеПучини. По повод 160 годишнината од раѓањето на овој мајстор на операта, МОБ подготви програма од неговите најпопуларни дела, поддржани со гости солисти од целиот свет. Публиката ќе може да проследи 5 оперски изведби, еден оперски и еден гала балетски концерт. Како дополнително уживање во месецот на операта, Македонската опера и балет подготвува две изложби и две промоции на книги.

Peugeot со посебни понуди до крајот на февруари

Француското трио што се прослави со комфорот пред 50 години

Peugeot ќе претстави 26 нови модели до 2019 година: Теренци на местото на вановите

Половина век на Peugeot 204 Coupe и Cabriolet

60 години на Peugeot 403 Cabriolet: Aвтомобилот на инспектор Колумбо

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche macan 20

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар

zf e-mobility srbija pancevo

Србија ќе произведува делови за електрични возила за ZF