за

Најбезбедни автомобили на краш-тестовите на Euro NCAP

euconcap најбеѕбедни автомобили 2019
euconcap најбеѕбедни автомобили 2019

Организацијата Euro NCAP лани изврши краш-тестови на 55 нови модели, од кои 41 ги освоија максималните пет ѕвезди за безбедност. Експертите искажуваат големи пофалби за високиот удел на автомобили со врвна безбедност. Овие дванаесет модели освоиле најмногу бодови.

Mercedes и лани го имаше најбезбедниот автомобил во компакт класата на краш-тестовите на Euro NCAP. Спортската купе-лимузина CLA ја дели основата со лимузинската изведба на A-Class којашто преклани победи во компакт класата. Моделот, инаку дизајниран од Славче Таневски, освои повеќе од 90 проценти од максималните бодови во три од вкупно четири категории на оценување. Со тоа, Mercedes CLA се покажа и како најбезбеден од сите автомобили на тестовите на организацијата лани.

Минатата година беше мошне успешна и за Tesla. Model X е победник во категоријата на големи теренци, а веднаш зад него следи Seat Tarraco. Електричната лимузина Tesla Model 3 беше најдобра во класата на „електро и хибриди“ и заедно со серијата 3 на BMW го дели првото место во категоријата на големи семејни лимузини. Баварскиот модел повеќе се издвојува во заштитата на пешаци, додека Tesla е во предност во системите за асистенција. Второто место ѝ припадна на новата Skoda Octavia.

Во комбинираната класа на малечки теренци и ванови победи Subaru со новиот Forester, кој покажа одлични резулати во сите категории. Со минимален заостаток следат Mazda CX-30 и VW T-Cross. Иако остана без врвен пласман, Mazda имаше успешна година со Mazda 3, на којашто експертите на Euro NCAP ѝ дадоа високи оцени за заштитата на возрасни патници.

Меѓу градските автомобили е изедначено на врвот. Спортскиот Audi A1 и бестселерот Renault Clio постигнаа ист резултат во поглед на безбедноста. Новодојденецот Ford Puma е на второто место во оваа категорија. Тоа е воедно и категоријата во којашто владее најостра конкуренција и најголема неизвесност, имајќи предвид дека некои модели добивале по 3 или 4 ѕвезди.

Единствен родстер на тестовите на безбедност лани беше BMW Z4, кој доби посебна пофалница, поради тоа што отсуствува модел за споредба.

НАЈДОБРИ МОДЕЛИ ВО ОДДЕЛНИТЕ КЛАСИ НА КРАШ-ТЕСТОВИТЕ НА EURO-NCAP ВО 2019 ГОДИНА

Големи семејни лимузини
  1.  Tesla Model 3, BMW серија 3
  2.  Skoda Octavia
Големи теренци
  1. Tesla Model X
  2. Seat Tarraco
Компакт модели
  1. Mercedes CLA
  2. Mazda 3
Малечки теренци / Ванови
  1. Subaru Forester
  2. Mazda CX-30, VW T-Cross
Градски автомобили
  1. Audi A1, Renault Clio
  2. Ford Puma
Хибриди и електрични
  1. Tesla Model 3
  2. Tesla Model X

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Toyota Yaris GR

Со погон 4х4, гени од рели и 272 КС: Toyota Yaris GR, што направи од себе?

Rolls-Royce Cullinan Otvos

Теренецот Cullinan му донесе историски рекорд на Rolls-Royce