за

Euro NCAP ги прогласи најбезбедните автомобили во 2016

Вкупно 18 нови модели годинава се појавија на проверка на безбедноста во Euro NCAP. Три модели се избрани за пример во своите класи: Toyota Prius е најдобар во класата на големи семејни автомобили, Hyundai Ioniq предничи кај семејните компакти, додека Volkswagen Tiguan е шампион во безбедноста во класата на компактните теренци.

Знајачни промени се случија годинава во начинот на бодување на Euro NCAP. Откако конзорциумот што ја оценува безбедноста на автомобилите според повеќе критериуми го вклучи системот за самостојно запирање на возилото пред пешаци во редовната тест-процедура, производителите реагираа со рапидно зголемување на бројот на модели што стандардно се испорачуваат со овој систем.

Toyota Prius беше првиот модел подложен на тестирање на системот за заштита на пешаците. Euro NCAP му даде високи оцени на серискиот систем „Toyota Safety Sense“, поради успешното распознавање на пешаците на патот и успешното избегнување незгода со пешаци. Не случајно хибридниот модел на Toyota мина со најдобри оцени во својата класа и годинава ја понесува титулата на „најбезбеден голем семеен автомобил“. Добри резултати на тестот покажа и Seat Ateca.

При тест со 40 km/h, Toyota Prius запре пред пешакот, додека при 45 km/h забави на 24 km/h, намалувајќи ја опасноста од повреди на пешакот

Победници во одделните класи можат да бидат само модели што стандардно се испорачуваат со системот за самостојно запирање при опасност од удар во пешак. Неколку производители ја искористија можноста нивните модели да бидат тестирани двапати – еднаш со фабричкиот обем на безбедносни системи во возилото, еднаш вклучувајќи ги и безбедносните системи што се нудат како опција.

Mercedes E-Class исто така мина одлично на тестирањата, но не е прогласен за најдобар во класата на „бизнис автомобили“, затоа што беше единствен модел од оваа класа што се најде на проверка кај Euro NCAP годинава. Експертите на конзорциумот дадоа големи пофалби за функционирањето на системите за заштита на децата во возилото.

Euro NCAP: Оцени за безбедноста на тестираните модели во 2016

Марка и модел Безбедносна опрема Оцена Патници Деца Пешаци Помошни системи
Toyota Prius Стандардна ***** 92% 82% 77% 85%
Mercedes-Benz E-Class Стандардна ***** 95% 90% 77% 62%
Toyota Hilux Со опции ***** 93% 82% 83% 63%
Kia Niro Со опции ***** 91% 80% 70% 81%
Hyundai Ioniq Стандардна ***** 91% 80% 70% 82%
VW Tiguan Стандардна ***** 96% 84% 72% 68%
Audi Q2 Стандардна ***** 93% 86% 70% 70%
Subaru Levorg Стандардна ***** 92% 83% 75% 68%
Alfa Romeo Giulia Стандардна ***** 98% 81% 69% 60%
Ford Edge Стандардна ***** 85% 76% 67% 89%
Seat Ateca Стандардна ***** 93% 84% 71% 60%
Suzuki Ignis Со опции ***** 87% 79% 77% 60%
Renault Scenic Стандардна ***** 90% 82% 67% 59%
Peugeot 3008 Стандардна ***** 86% 85% 67% 58%
Kia Niro Стандардна **** 83% 80% 57% 59%
Suzuki Baleno Со опции **** 85% 73% 65% 43%
FIAT Tipo Со опции **** 82% 60% 62% 57%
SsangYong XLV Со опции **** 82% 62% 65% 43%
SsangYong Tivoli Со опции **** 82% 62% 65% 43%
Toyota Hilux Стандардна *** 85% 82% 73% 25%
Suzuki Ignis Стандардна *** 79% 79% 67% 25%
Suzuki Baleno Стандардна *** 80% 73% 65% 25%
FIAT Tipo Стандардна *** 82% 60% 62% 25%
SsangYong XLV Стандардна *** 74% 62% 55% 25%
SsangYong Tivoli Стандардна *** 74% 62% 55% 25%

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Купето од Mercedes E-Class се враќа по пауза од две децении

Faraday Future открива нови детали за изгледот на својот прв модел