за

ЕУ бара подобра заштита на купувачите по дизел скандалот

дизел скандал, користени автомобили

Брисел ќе ја зголеми максималната казна за компаниите што ги прекршуваат правата на големи групи потрошувачи. Во иднина, казните би можеле да достигнат до 4% од годишниот промет на овие компании. Унијата е решена да стави крај на прекршувањето на правилата од страна на производителите на автомобили и технолошките гиганти.

Еврокомесарката Вера Јоурова верно ја отслика идната позиција на потрошувачите во својата изјава: „Здруженијата на потрошувачи конечно ќе им покажат заби на измамниците. Мамењето не смее да е евтино.“ Во среда ќе се гласа за предлогот, групи на потрошувачи да добијат право да поднесат заедничка тужба, а воедно и организациите за заштита на правата на потрошувачите да можат построго да ги казнуваат прекршителите.

Околу 350.000 автомобили со дизел мотор откупени од сопствениците лежат на огромни плацеви во САД

Регулаторите на ЕУ негодуваат затоа што европските сопственици на автомобили од Volkswagen не можеа да користат исти правни инструменти како купувачите во САД, на коишто им беа исплатени високи оштети, откако властите утврдија постоење на недозволени уреди за манипулирање со издувните гасови. Неодамна до јавноста допреа фотографиите на коишто се гледаат плацевите со стотици илјади автомобили на Volkswagen во САД, кои беа откупени од сопствениците.

Според Јоурова, само две национални организации за заштита на правата на потрошувачите се избориле да им биде исплатена отштета од Volkswagen, во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Тоа е неспоредливо со десетте милијарди долари со коишто беа отштетени американските купувачи.

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

Заминувањето на дизелот не ги зголемува емисиите на СО2

Само третина од новите автомобили во Германија се дизели

ЕУ наплатила 413 милијарди евра автомобилски даноци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar land rover fabrika

Jaguar Land Rover отпушта 1000 работници

Ив Каракацанис pretsedatel avtovaz

Првиот човек на Dacia ја презема контролата над Lada