за

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух

загаден воздух

Комисијата на ЕУ и натаму е незадоволна од квалитетот на воздухот во повеќе држави и региони во Унијата. Против овие држави ќе биде поднесена тужба, и тоа во многу скоро време. Европа не попушта во спорот околу превисоката загаденост на воздухот во девет држави.

На средбата на министрите за животна средина во Софија, комесарот за животна средина Кармену Вела изјави: „Јасно посочив на тоа дека постојат неприфатливи пречекорувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во голем број региони во Европа. Комисијата е незадоволна од таа ситуација.“

Италија, Чешка, Германија, Романија, Словачка, Унгарија, Франција, Шпанија и Велика Британија се на „црната листа“ на заштитниците на животната средина во ЕУ

Вела во јануари пријави девет европски држави во Брисел и им даде последна шанса за преземање на брзи и одржливи мерки за зачувување на квалитетот на воздухот. Комесарот најави дека овие држави наскоро ќе мораат да се соочат со последиците, доколку не преземат мерки: „Тоа подразбира и казни, особено во случаите кога дополнителните, веродостојни, краткорочни и ефикасни мерки не покажуваат резултати.“ Против овие земји ќе биде поднесена тужба пред Судот на ЕУ.

Моментно е во тек проверката на предложените дополнителни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во повеќе европски градови. Решението ќе се донесе заедно со следниот пакет на случаи на прекршување на договорот на 26-ти април.

Вака германските градови го решаваат загадувањето од дизелот

Загадениот воздух го загрозува туризмот во Бангкок

Вистинското возило за загадено Скопје и викенд на Водно

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Овие автомобили се шампиони во загадување на животната средина

Во потрага по мистериозниот загадувач на македонскиот воздух

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen херберт дис

Нов шеф пристига во концернот Volkswagen

tesla avtopilot video

Возач на Tesla докажува: Автопилотот е виновен за кобната незгода