161
21 shares, 161 points

Повеќе членки бараат Комисијата на ЕУ да развие стратегија за примена на водородот, со нагласок на сообраќајниот сектор и индустријата. Уделот на возилата со погон на водород уште е незначителен, но тоа ќе се менува.

Државите членки бараат Унијата да инвестира во водородна техника, во обновлива енергија и енергетска ефикасност, со цел да се поттикне стабилизација на економијата. Тоа може да придонесе за ЕУ да ги исполни своите амбициозни цели за заштита на климата, а во исто време се отвораат и нови шанси за индустријата.

Во заедничката декларација, повеќе држави на ЕУ нагласуваат дека водородот, особено тој што се добива со помош на обновлива енергија, може да придонесе за намалување на емисијата на јаглероден диоксид, на пример во индустријата и во сообраќајот.

Декларацијата е потпишана од таканаречените пента-држави, односно Германија, Австрија, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, како и Швајцарија. Поддршка даваат уште Португалија и Бугарија. Државите нагласуваат дека сакаат да соработуваат повеќе во подрачјето на водородот.

Новиот супер-енергенс треба да ги замени јагленот, нафтата и метанот во индустријата и во сообраќајот.

Државите конкретно бараат Комисијата на ЕУ да излезе со план за проширување на примената на водородната енергија до 2030 година и потоа. Оваа енергија треба да се произведе на начин што води до намалување на емисијата на јаглероден диоксид. За таа цел, Комисијата треба да разработи и законски предлози. Унијата најави алијанса за водородна техника, слично на штотуку основаната алијанса за батерии.

Mirai во основата е електричен автомобил, со таа разлика што место од батериите, енергијата доаѓа од хемиската реакција на водородот и атмосферскиот кислород

Toyota Mirai е еден од ретките модели што се нудат како сериски автомобили со погон на водород. Предноста во споредба со „батериските“ електрични возила е во тоа што водородот во резервоарот е доволен за околу 500 километри досег, а полнењето трае само неколку минути. Проблемот и натаму е истиот: Недоволно развиена мрежа од станици за точење водород во светски рамки. До декември, Toyota надмина 10.000 продадени примероци од водородниот Mirai.

Генератор со погон на водород на Toyota напојува фабрика во Јапонија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *