166
21 shares, 166 points

Неколку брзи факти од статистиката што денес ја објави ЕУ во поглед на составот на возниот парк, неговата бројност, старост, трендовите, застапеноста на возилата со алтернативен погон.

Возниот парк од патнички автомобили во ЕУ во последните пет години се зголемил за повеќе од 8%, од 248 милиони во 2014 година, на 268 милиони во 2018 година.

Во Унијата сообраќаат 33,2 милиони лесни доставни возила. Најмногу вакви возила има во Франција (6,2 мио.), пред Шпанија (4,6 мио.), Велика Британија (4,4 мио.) и Италија со 4,2 милиони возила.

По патиштата во ЕУ возат 6,6 милиони камиони. Со 1,1 милион возила, Полска има најголем камионски возен парк, по што следат Германија (946.541 камиони) и Италија (904.308 камиони).

Автобусите што стојат на располагање на територијата на ЕУ имаат бројност од 770.000 примероци. Близу една третина од сите автобуси се регистрирани во само две држави: Полска и Италија.

Просечната старост на патничките автомобили во ЕУ моментно изнесува 10,8 години. Естонија, Литванија и Романија имаат најстар возен парк, со возила постари од 16 години. Најнови автомобили се возат во Луксембург (6,4 години) и во Велика Британија (8,0 години).

Просечната старост на лесните доставни возила во ЕУ изнесува 10,9 години. Грчките комбиња се најстари, со близу 19 години.

Камионите во Европската Унија просечно се стари 12,4 години. Од петте најголеми пазари, најстари камиони има Шпанија (14,4 години), малку понови се италијанските (14,0 години).

Просечната старост на европските автобуси изнесува 11,4 години. Најстари се во Грција (20,4 години), најнови во Австрија (5,4 години).

Иако во последните години бележат силен позитивен тренд, возилата со алтернативен погон достигнуваат удел од само 3,8 проценти во возниот парк во ЕУ. Од сите автомобили во оваа категорија, секако најбројни се хибридите со 0,7 процент, по што следат чисто електричните со 0,2 процент, а последни се плагин-хибридите со само 0,1 процент.

Лесните комерцијални возила со дизел мотор преовладуваат во ЕУ, освен во Грција. Повеќе од 91% од возниот парк од доставни комбиња во ЕУ вози на дизел.

Европската Унија брои 531 автомобили по 1.000 жители. Луксембург има најмногу возила по жител во ЕУ, со 690 возила на 1.000 лица, додека овој сооднос е најмал во Латвија, со 329 возила по илјада жители.

Во Латвија близу половина од домаќинствата не поседуваат автомобил (48,8%), додека повеќе од 31% од семејствата во Франција поседуваат по два автомобила.

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Зошто Германците купуваат автомобили 43 пати повеќе отколку Македонците?

Македонија: Три од четири автомобили се постари од 10 години


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *