за

Еротска заедница со истражување: Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Две третини од сите возачки и возачи на Porsche се среќни или многу среќни со својот сексуален живот. Тоа им го обезбедува првото место во рангирањето на сексуалната привлечност на автомобилските марки, што го направи една еротска заедница.

Возачките и возачите на Porsche не само што сексуално се најзадоволни, туку и најчесто водат љубов во автомобилот. Скап и брз автомобил е гаранција за висока сексуална привлечност? Може да се заклучи така, доколку немаше изненадување веднаш на второто место. Дури 55% од возачите на економи-марката Dacia кажуваат дека имаат исполнет сексуален живот. Романскиот производител во иднина би можел спокојно да се рекламира со следниот слоган: „Секс-симбол за сите на коишто не им е потребен статусен симбол.“

Најмалку среќни со својот љубовен живот се возачките и возачите на Hyundai и Opel, кои честопати остануваат незадоволни. Еротската заедница JOYclub првпат ја истражуваше поврзаноста меѓу марката на автомобилот и сексуалната задоволеност во април 2018 година. Во истражувањето на заедницата со седиште во Германија учествуваа 5.000 нејзини членови.

Германските автомобилски марки ветуваат најчесто водење љубов

Кога се работи за зачестеноста на љубовниот акт, германските автомобилски марки се лидери во светот. Покрај возачките и возачите на Porsche, од кои дури 75,4% се изјасниле дека водат љубов еднаш дневно или барем повеќепати неделно, добро минуваат и сопствениците на марките Audi (55,3 %) и BMW (54,8 %). Наспроти тоа, крајот на списокот им припаѓа на Opel и Citroen. Еден од секои четири сопственици на автомобил од овие марки навел дека е сексуално депримиран.

Водењето љубов во автомобил ги привлекува подеднакво двата пола

Независно од марката, автомобилот често се покажува како омилено место за возбудлива авантура. Нема разлика меѓу половите: 83,4 % од дамите и 84,8 % од мажите го користеле својот автомобил за посебните намени. Задната клупа важи за фаворит, на второто место е хаубата, а предните седишта се трети. Исклучок е Volvo, кадешто повеќе од една четвртина од сопственичките и сопствениците ценат дека багажникот е добро место за водење љубов во автомобилот.

СУВ и кабриолет се жешки, малечките и електричните автомобили не се

Во анкетата се истражуваше и сексапилот на одделните модели. Дамите кажуваат дека спротивниот пол им е најпривлечен зад воланот на СУВ, додека возачите на малечки автомобили е подобро воопшто да не запираат. Кај мажите, во поглед на моќта на привлекување, врвот им припаѓа на кабриолетите. Патем, само 0,6% од испитаниците се свртиле по дама во електричен автомобил.

Возачките и возачите на овие автомобилски марки се најзадоволни со својот љубовен живот:

Porsche 62%

Dacia 55%

Fiat 51%

Mercedes-Benz 48%

Volvo 47%

Возачките и возачите на овие автомобилски марки водат љубов најчесто:

Porsche 75%

Audi 55%

BMW 55%

Toyota 55%

Kia 54%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седумстотини КС не се проблем за Audi S8

Седумстотини КС не се проблем за Audi S8

Skoda Octavia Scout првпат во изведба со преден погон

Skoda Octavia Scout првпат во изведба со преден погон