за

Енцо Ферари е роден пред 120 години

Енцо Ферари, 120-годишнина

Енцо Анселмо Ферари, син на Алфредо и Адалгиза, роден е во Модена на 18-ти февруари 1898 година. Тој уште како дете покажувал голема љубов кон автомобилите, којашто била дополнително поттиката од тоа што неговиот татко поседувал сервисна работилница. Енцо Ферари на светот му подари една од најголемите автомобилски марки на сите времиња. Покрај тоа што марката со неговото име практично е синоним за автомобил и за сите вредности на автомобилизмот, „Ил Комендаторе“ е еден од најголемите амбасадори на италијанскиот дух низ светот. Тој беше и една од највлијателните личности на 20-от век.

За одбележување на 120-годишнината од неговото раѓање, во родното место на Енцо се организираше изложба на фотографии, во комплексот во когошто денес се наоѓа Музејот Енцо Ферари во Модена. Фотографиите прикажуваат различни фази од неговиот живот: Од детство до полнолетство, од неговата кариера како возач до менаџер и производител, покрај незаборавните тркачки имиња, како Нуволари, Кастелоти и Вилнев.

Незамисливо е дека Енцо Ферари се родил во 19-от век,“ коментира шефот Серџо Маркијоне. „Тој беше личност со исклучителна визија и способност да менаџира со персоналот и ресурсите, како и силен претприемачки дух и извонредна храброст. Што ли би постигнал тој, доколку имаше пристап до денешните технички ресурси и знаења. Белегот што тој го остави во светот останува извор на гордост за сите нас во Ferrari и за цела Италија.“

[FAG id=30831]

Ferrari Portofino доаѓа во замена за California

Отворен новиот музеј на Енцо Ферари во Модена

Ferrari F40: Три децении од последниот автомобил на Енцо

Кавалкада на Ferrari по шести пат: Најексклузивниот собир на „фераристи“

Одбележување на 50-годишнината на Ferrari во Јапонија со ексклузивниот J50

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електричен автомобил, mitsubishi i-miev test

Една година чекање за испорака на електричен автомобил

ssangyong e-siv zeneva

SsangYong ќе претстави концепт на електричен теренец во Женева