за

Електро-веспа со италијански стил и произведена во Кина

emco NOVA R 3000
emco NOVA R 3000

Неодоливата форма на класичната веспа ги инспирира и дизајнерите на новата генерација скутери со електричен погон. Emco Nova е еден од тие скутери, со добар досег, квалитетна изработка и прифатлива цена. Не мора да биде изненадување тоа што овој двотркалец пристига од Кина.

Пионерите на електричниот погон не мора секогаш да имаат претходно искуство во подрачјето на мобилноста. Таков е случајот со германската компанија Emco, којашто од неодамна нуди скутери со електричен погон, а основана е како фирма што се занимава со опрема за купатила. Нејзиниот основач пред половина деценија добил идеја да се вклучи во електричната урбана мобилност при посета на Кина. Денес компанијата има три електрични возила во понудата. Две од нив се произведуваат во азиската држава, во сопствена фабрика на Emco.

Nova е хит-моделот, кој со заоблените форми потсеќа на стилот на легендарната веспа во периодот на 1960-те години. Хромиран финиш околу трепкачите, светлото и на ретровизорите, создава контраст со скутерот, кој може да биде во сива, црвена, црна или минт-зелена боја.

Стартувањето од семафор е дисциплина во којашто владее електричниот погон

На дисплејот се прикажуваат податоци за наполнетоста на батеријата, за моментната брзина и за километражата. Брзината е ограничена на 45 километри на час, којашто вообичаено за електричниот погон се достигнува брзо. Тие што веќе имаат искуство со електричен скутер знаат дека секогаш се во предност при поаѓање на семафор, од скутерите со обичен мотор.

Отклучување, заклучување, пресметување, сé преку апликација

При возењето може да се избира меѓу четири модуси: Wheely е најсилниот, покрај Eco, Custom и Power. Кога наполнетоста на батеријата ќе спадне под половина, соодевтно слабеат и забрзувањето и моќта, заради зачувување на енергијата. Возачката или возачот ќе мораат пред поаѓањето да се решат за погонскиот модус. Тој се избира само во место и со помош на мобилна апликација. Во тој случај може на неа да се отчита и преостанатата километража, што инаку не се добива на дисплејот на скутерот.

Можност за избор на големината на батеријата и мошне разумно скроени цени за тоа

Emco го нуди овој модел во две изведби. Едната е со батерија од 28 амперчасови и со досег до 50 километри. Цената во Германија изнесува околу 4.000 евра. Втората изведба располага со батерија од 37 амперчасови, што е доволно за 65 километри досег. Цената на оваа изведба е повисока за 300 евра.

Кој сака двојно поголем досег, може да доплати 1.100 евра за втора батерија. Полнењето на целосно испразнета батерија трае 2,5 часови, што е мошне кусо во споредба со конкурентските модели.

Новаците во возењето на две тркала ќе бидат среќни од тоа што скутерот тежи само 90 килограми, а за управливоста како на веспа се грижат и бандажите од 10 инчи. Може да се очекува и комфор, со класично водење на предното тркало и со два амортизери назад. За сопирањето се задолжени дискови напред и назад.

Технички податоци · Електричен скутер Nova R 3000

  • Моќност 3.000 вати (4,1 КС)
  • Брзина 45 km/h
  • Батерија Литиум-јон
  • Капацитет на батерија (Единечна / двојна) 1 x 28 Ah, 1 x 37 Ah, 2 x 28 Ah, 2 x 37 Ah
  • Досег 50 km, 65 km, 100 km, 130 km
  • Полнење Околу 3-4 часа / околу 2 часа на брз полнач
  • Димензии (Д х Ш x В) 1885 х 1080 x 775 mm
  • Тежина без батерија 86 kg
  • Дозволена вкупна тежина 271 kg
  • Најголема нагорнина 14 %
  • Седишта За 2 лица
  • Гуми напред / назад 3,5 – 10
  • Сопирачки напред / назад Диск-сопирачки, хидраулични
Празната батерија може лесно и брзо да се замени со полна

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница

Кинеските вложувања во ЕУ намалени за третина

Кинеските вложувања во ЕУ намалени за третина