189
24 shares, 189 points

На надавањето што се одржува во последниот ден од август во прочуеното Хард Рок Кафе во Холивуд ќе се понудат голем број возила во некогашна сопственост на кралот на рокенролот Елвис Присли. Познавачите ценат дека Harley-Davidson од 1976 година лесно може да надмине еден милион долари.

На 31-ви август, во Хард Рок Кафе во Холивуд се одржува спектакуларно наддавање за предмети што биле во сопственост на филмските ѕвезди од ковот на Џејмс Дин, Стив Меквин или Мерлин Монро. Главното внимание сепак ќе биде посветено на оставината на Елвис Присли, кралот на рокенролот, починат во 1977 година.

Од вкупно 148 предмети за коишто ќе се наддава во Лос Анџелес, дури 40 му припаѓале на Елвис. Првпат на наддавање се појавува специјално изработено Lincoln Continental од 1973 година. Крстосувачот е изработен посебно за филм. Откако „кралот“ го видел возилото на филм, решил да го вклучи во својот возен парк. Елвис најчесто ангажирал шофер, но повремено и самиот седнувал зад волан. Наддавањето почнува од 25.000 долари.

Првпат на аукција пристига и GMC Pickup Truck, кого Елвис Присли го користел на омилениот ранч „Circle G“. Камионетот е реставриран неодамна и би требало да постигне вредност од најмалку 10.000 долари.

Во 1974 година, Елвис купил и Rupp Centaur Trike. Овој трицикл се произведувал во 1974 и 1975 година од американскиот специјалист за карт и снежни санки Rupp. Бидејќи Елвис не бил задоволен од испорачаното возило, нарачал уште едно, коешто денес се наоѓа во Грејсленд. Трициклот на наддавањето бил пронајден во 2012 година во Мемфис и исто така е реставриран. Почетната цена е 5.000 долари.

 

Шестпати повеќе вреди хот-родот од 1937 година, изработен по посебна нарачка. Елвис го возел уникатниот автомобил во својот втор игран филм „Loving You“. Возилото двапати е изложувано во Музејот Смитсонијан во Вашингтон.

Експертите ценат дека харлито на Елвис лесно ќе надмине два милиони долари

Рекорд за најскап мотоцикл продаден на наддавање може да постигне Harley-Davidson FLH 1200 Electra Glide од 1976 година, со само 126 милји (203 km) на бројчаникот. Моментниот рекорд беше поставен лани, со Vincent Black Lightning од 1951 година, кој му вредеше 929.000 долари на новиот сопственик.

Сцената во последно време го обожува скапите мотоцикли. Harley-Davidson Fat Boy што Арнолд Шварценегер го возеше во Терминатор 2, достигна 512.000 долари, престигнувајќи го Harley-Davidson Dyna Super Glide на папата Франциск. Папа-мотоциклот вредеше 241.500 евра.

Астрономски вредности може да достигнат и останатите понуди на наддавањето во Холивуд, меѓу кои јакната на Џери Ли Луис од „Grand Ole Opry“, часовникот Cartier на Џуди Гарланд, куферот со накит на Мерилин Монро или розевиот мантил на Кејт Винслет, од „Титаник“.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

189
24 shares, 189 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *