за

Електромобилност повикува на ревијално „е-возење“ на 20-ти септември

електромобилност е-конвој

Кој смета дека ерата на електричниот погон уште ја одминува Македонија, на 20-ти септември ќе се увери во спротивното. Сите оние чудно тивки и брзи тротинети, велосипеди, скутери, што секојдневно ги гледаме по улиците, ќе учествуваат во голем Е-конвој во следниот четврток

Во рамките на европската недела на мобилност и во организација на Електромобилност Македонија, во следниот четврток (20-ти септември) се одржуваат две манифестации под знакот на електричниот погон. Под мотото „Комбинирај и движи се“, на кампусот технички факултети – Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – Скопје, во 10:00 часот започнува „Електричен полигон 5“ (едукација за учесници во основно и средно образование), а два часа подоцна следи и „Електричен конвој.“

Електромобилност Македонија досега има организирано повеќе настани што дале огромен придонес за создавањето на свеста за електричниот погон, како и за неговото прифаќање

Електричниот конвој поаѓа во 12:00 часот од кампусот факултети и ќе се движи низ централното градско подрачје, до крајното одредиште Порта Македонија. Електромобилност ги поканува сопствениците на сите видови електрични возила, вклучувајќи е-тротинети, е-велосипеди, е-картинзи, е-цикли, е-мобили, е-пикапи, е-бусови, да се вклучат во е-кампањата за видливост на електричните возила во македонското општество, без оглед дали возилата се во сопственост на приватни физички субјекти или правни лица, јавни претпријатија, корпоративни возила или други видови сопственост.

Врска до вебсајтот на Електромобилност Македонија

Покрај Град Скопје, поддршка на настанот, како и излагања ќе имаат ЕВН, Телеком, Прокредит Банка, Фибернет М-К, ЈП Паркинзи, ЈСП, ФЕИТ, МФС, иноватори и ентузијасти поддржувачи за Е-мобилност Македонија.

Рутата за е-тротинет, е-картинг, е-вело како и рутата за е-мобил, е-бус, хибрид, плаг-ин возила

Се подготвува уште еден настан на Електромобилност Македонија во насока на зголеување на свеста за електричниот погон

Ги повикуваме сите сопственици на електрични и хибридни возила од сите рангови, да се вклучат во кампањата за видливост…

Posted by Elektromobilnost Makedonija on Wednesday, September 12, 2018

Во конвојот се очекува да учествуваат и автомобили со електрифицирана погонска спрега од повеќе марки. Според сознанија на Аутомедиа, од почетокот на годинава во Македонија се продадени петнаесетина примероци од луксузниот теренец BMW X5 со напредниот плагин-хибриден погон на баварската марка, кои во реални услови можат да извозат триесетина километри само на батерија. Секако дека присуството на технолошки бисери од ваков вид ќе му даде дополнителен шарм на конвојот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Kadjar

Освежување за Renault Kadjar по половина милион продажби

Mitsubishi Outlander PHEV

Топ 10 Најпродавани модели со хибриден погон во Европа