182
24 shares, 182 points

Анкета спроведена меѓу британските возачи открива многу заблуди околу електричните автомобили, иако земјата е меѓу водечките во Европа во прифаќањето на погонот на струја

Од Велика Британија честопати доаѓаат интересни и корисни истражувања на јавното мислење. Последново истражување околу електричните автомобили открива многу предрасуди и заблуди. Четири од секои десет испитаници или точно 42%, смета со дека автомобил со погон на струја не смее да се влегува во автоперална. Секако дека тоа не претставува проблем за електричните возила.

Речиси е генерално верувањето дека електричните автомобили забрзуваат побавно од возилата со бензински или дизел мотор. Тоа е случај кај 47 проценти од испитаниците. Покрај тоа, дури 25% сметаат дека овие возила се поскапи за одржување, иако тоа е една од најголемите предности на електричниот погон. Повеќе од половината Британци во истражувањето, или 52 проценти, не наоѓаат разумно објаснување зошто некои возачи се решаваат за автомобил со погон на струја.

Голем дел од испитаниците мислат дека трошокот за струја за полнење на батеријата е многу повисок од реалниот

Во поглед на трошоците за одржување, реални пресметки според британските цени покажуваат дека поседувањето електричен автомобил ги скусува трошоците за околу 70% во споредба со возилата со обичен погон. Уште една заблуда во истиот контекст е тоа што возачите мислат дека трошокот за струја за полнење на батеријата е многу повисок од реалниот. Во просек, Британците сметаат дека полнењето на батеријата чини 21,54 фунти или околу 1.500 денари, додека во реалноста, при користење домашен полнач, трошокот изнесува само 3,64 фунти или околу 250 денари.

Многу е потценет и бројот на модели што се достапни на пазарот. Наспроти просекот од само девет возила што го навеле испитаниците, пазарот реално нуди речиси двојно повеќе, односно дури 17 различни модели. Погрешна е процената и околу бројот на возила со погон на струја во земјата. Нивниот број изнесува 40.000, додека во анкетата, 42% од Британците процениле дека во возниот парк во земјата има помалку од 15.000 електрични автомобили.

Голема е утката и околу бројот на полначи – шест илјади според процената, наспроти реални 17.000 полначи за електрични возила. Близу една третина од испитаниците (29%) не знаат дека можат да користат и домашен полнач.

Топ 5 разоткриени митови околу електричните автомобили:

Мит 1: Електричните автомобили се бавни
Факт: Електричните автомобили стартуваат многу побрзо!

Поради тоа што електромоторот го постигнува полниот вртежен момент буквално уште од првиот вртеж, повеќето електрични автомобили забрзуваат многу подобро од возилата со обичен погон. Nissan Leaf, на пример, спринтува до темпо сто за помалку од осум секунди.

Мит 2: Електричните автомобили се прескапи
Факт: Електричните автомобили всушност штедат пари!

Точно е дека електричните автомобили имаат повисока продажна цена, но реални пресметки покажуваат дека во даноци и гориво се заштедуваат 650 фунти за една година, доколку се вози на струја, место на дизел. Фрапантна е разликата во трошоците за одржување во целиот век на експлоатација. Електричните автомобили произведуваат за 70% помалку трошоци. Британската влада дополнително одобрува и субвенција во висина до 4.500 фунти. На тоа се надоврзуваат и заштеди при плаќањето патарина, паркинг и сл.

Мит 3: Нема доволно полначи за струја по улиците
Факт: Постои изобилство од полначи за електрични автомобили

Според процените на испитаниците, во Британија има само 6.000 полначи за електрични автомобили, а во реалноста нивниот број е далеку повисок, дури 16.738 полначи. Брзи полначи се поставени на 96% од одморалиштата по главната мрежа од автопатишта во земјата.

Мит 4: Само неколку модели се нудат на пазарот.
Факт: Тоа повеќе не е точно, денес постојат електрични автомобили во сите класи и сегменти.

Возачите го потценуваат и бројот на електрични модели што се нудат на пазарот. Анкетата покажала просек од 9 модели, додека во реалноста се нудат 17 електрични автомобили на британскиот паар.

Мит 5: Електричните автомобили се технологија на иднината
Факт: Во Велика Британија веќе започна масовно преоѓање на електрични автомобили

Иако голем број возачи во Обединетото Кралство сметаат дека електричните автомобили се уште нови, по патиштата во земјата веќе се возат многу автомобили со погон на струја. Моментно возниот парк од електрични возила брои близу 40.000 примероци. Во првите пет месеци од годинава се продадени околу 6.000 нови возила на струја.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

182
24 shares, 182 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743