за

Електро-тротинетите ќе бидат дел од салонот ИАА во Франкфурт

салон франкфурт електрични тротинети

Уште во минатото издание на салонот за автомобили во Франкфурт пред две години, посебна хала беше наменета за таканаречениот свет на новата мобилност. Во септември, ова подрачје се очекува да привлече уште побројна публика, а за таа цел има и три нови тематски подрачја.

Најважните трендови и теми од мобилноста на иднината ќе бидат претставени пред публиката на салонот ИАА во Франкфурт, во халите 5.0 и 5.1, во рамките на New Mobility World (NMW) од 10-ти до 15-ти септември.

На последното издание на салонот во 2017 година, NMW го посетија околу 250.000 лица. Годинава се очекува уште побројна публика, меѓу другото и поради тоа што е проширен спектарот на теми кои ги покрива овој важен настан за сегашноста и иднината на новите видови на мобилност.

New Mobility World годинава е поделен во шест подрачја. Во досегашните изданија постоеја три теми: Автоматизација, конективност и урбана мобилност.

Главното внимание и натаму е во моторизираниот индивидуален превоз. Според директорот на NMW, Дирк Еверсон, ова подрачје се сменило многу: „Пред две години, поимот на моторизиран индивидуален превоз се поистоветуваше со приватни автомобили тешки во просек по 1,4 тон. Но, под овој поим, во градовите сé повеќе се подразбираат електричните тротинети кои тежат 20 килограми.“

Новите тематски подрачја се чиста и одржлива мобилност, услуги за мобилност, како и напредни материјали и производство.

New Mobility World го соединува претпријатијата што не спаѓаат во класичната автомобилска бранша. Годинава ќе присуствуваат и светски гиганти, како Facebook, Vodafone, IBM, Samsung и бројни компании за јавен превоз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инспектори во BMW Харалд Кригер

Инспектори во BMW зашто шефовската смена не била најавена навреме

ispace suzuki hakuto-r

Suzuki ќе развива возило за истражување на Месечината