за

Во Австрија вози првото противпожарно возило на струја во светот

прво електрично противпожарно возило линц австрија

Три австриски компании пред две години се здружија со цел да изработат уникатен проект во подрачјето на возилата за интервенција. Во градот Линц, во Горна Австрија, вчера беше претставен и резултатот од работата. Светот отсега го има и првото противпожарно возило со електричен погон.

Електричниот погон е новитет во подрачјето на возилата за интервенција, но тоа не значи и дека погонот има недостатоци наспроти обичните погонски решенија. Градот Линц веќе има стекнато искуства со електричниот погон во јавниот превоз. Околу три четвртини од вкупниот број патници, се превезува со автобуси со електричен погон на подрачјето на градот.

Префрлувањето на возилото на погон на струја чинело 100.000 евра

Локалниот производител Linz има изработено повеќе електрични возила на база на Mercedes Sprinter, меѓу кои минибуси и доставни комбиња. Целата техничка процедура на замена на класичниот со електричен погон траела само два месеца.

Основата на погонската спрега се четирите батерии со вкупен капацитет од 86 kWh, со коишто возилото постигнува досег до 160 километри. Овој податок важи за возило што е подготвено за интервенција, што значи со петмина пожарникари и опрема. Само батериите тежат околу 620 килограми. Оваа тежина сепак не е проблем за електромоторот со моќност од 120 киловати, односно 163 КС, или поточно не е проблем за вртежниот момент што го постигнува електромоторот.

При приклучување на брз полнач од 50 киловати, батериите достигнуваат наполнетост од 90% по само еден час и 20 минути. Според производителот, при вообичаените 12.000 километри годишно, животната средина се поштедува од 4 тони СО2.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

прво електрично противпожарно возило линц 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

прво електрично противпожарно возило линц 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

прво електрично противпожарно возило линц 3

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

карлос таварес PSA

Шефот на PSA ќе заработи уште милион евра од купувањето на Opel

daewoo немири фабрика

Немири во фабриките на некогашниот Daewoo во Јужна Кореја