171
27 shares, 171 points

Приватна компанија на Барбадос за пет години продала 300 електрични возила и поставила 50 полначи. Сега бизнисот се шири и на останатите карипски острови. За популарноста на електричните автомобили во островските земји постои мошне логично објаснување

Семејна компанија од Барбадос почнала со работа пред пет години и досега има продадено 300 електрични автомобили и поставено 50 станици со полначи. На островот долг триесетина километри во меѓувреме се поставени и неколку полначи што обезбедуваат енергија преку соларни панели. Бизнисот врви одлично и сега се шири на останатите карипски острови.

Главната причина за популарноста на електричните автомобили во островските земји е тоа што возачите не мора да стравуваат дека ќе останат со празна батерија. Со добро изградена мрежа од полначи, возачите во секој момент се оддалечени најмногу два три километра од најблиската станица.

електричните автомобили на Карибите 2

Дополнителен фактор е тоа што Барбадос има 220 сончеви денови во годината. Тоа се совршени услови за производство на „чиста“ струја од енергијата на сонцето. Како и секоја островска земја (и повеќето земји во светот), возењето на струја помага да се намали зависноста од увоз на нафтени деривати.

Карипските острови уште се соочуваат со низа проблеми, почнувајќи од високата цена на автомобилите, преку царините кои важат и за електричните возила, до недостигот од субвенции и повластици во возачкото секојдневие.

Бројот на електрични возила од сите категории на глобално ниво, лани надмина три милиони примероци. Предвидувањата за 2030 година се 125 милиони возила, односно далеку над 200 милиони доколку се воведат уште построги норми за заштита на животната средина и намалување на климатските промени

Купувачи на електрични автомобили на Барбадос моментно се компанијата за електродистрибуција, владините институции и приватните фирми. Регионалните експерти ценат дека е два до три пати поефикасно доколку увезената нафта се користи за производство на електрична енергија, отколку истата да се согорува во возилата. Со зголемувањето на бројот на електрични возила би се користела постоечката струјна мрежа и би се намалиле трошоците за увоз на нафта.

електричните автомобили на Карибите 4

Повеќе од половина од увезената нафта на Карибите се троши за транспортот. Барбадос годишно троши по 300 милиони долари за нафта. Во услови кога цената на нафтата расте и се зголемува јавниот долг, новите власти во земјата размислуваат да воведат и електрични автобуси.

Електричните возила се совршени за Карибите, кадешто нема автопатишта да се вози со часови со 120 километри на час

Пазарот за електричните автомобили се развива и на Куба, кадешто властите драстично ги смалија увозните давачки. Мали приватни компании продаваат автомобили, скутери, електрични велосипеди. Најевтиниот скутер на струја во Хавана е достапен за само 800 долари. Истите компании самостојно вложуваат и во полначи, кои најчесто се снабдуваат со „соларна“ струја.

електричните автомобили на Карибите 1

Батериите во електричните автомобили се корисни и во случај на евентуални природни катастрофи, во регионот што е подложен на силни оркани. Енергијата во батериите на електричните автомобили би можела да се користи за повратно напојување на струјната мрежа, во случај на нејзино онеспособување при невреме.

Еден автобус со погон на струја може да испорачува енергија за 50 домаќинства во времетраење од еден ден. Според најдобрите процени, во следните пет години околу една десетина од населението на Барбадос ќе вози електрични автомобили.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
27 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743