за

Електричните автомобили издржуваат најтешки краш-тестови

електрични автомбоили краш тест 1
електрични автомбоили краш тест 1

Електричните автомобили не заостануваат зад возилата со обичен погон во поглед на безбедноста. Така покажаа последните краш-тестови на здружението на германските осигурителни компании.

Проверката на безбедноста на електричните автомобили беше извршена со еден Renault Zoe и со три Nissan Leaf. Серијата краш-тестови вклучуваше страничен и челен удар во дрво. Овој вид на судири претставува најголем предизвик за безбедносната структура на возилата. Возилата се залетуваа во пречката со брзина од 60 и 84 километри на час, што е побрзо отколку при стандардните тестови.

Според експертите, големите производители на електрични автомобили посветуваат особено внимание, за нивните возила да го исполнуваат барем истото ниво на безбедност, како кај моделите со обичен погон. Двата тестирани модели ја освоија највисоката оцена од пет ѕвезди на тестирањето од Euro NCAP.

Во рамките на овој проект се проверуваше и делотворноста на постапките со коишто службите за брза помош можат да ги извлечат патниците од судреното возило. Доколку избувне пожар на делови од погонската батерија, се препорачува користење на посебен лечилен трн, што содржи специјално средство за гаснење и пожарниакрите го забодуваат директно во куќиштето на батеријата.

При тестирањето беше заклучено и дека спасувањето на патниците од страна на пожарникарите може да се врши со истите средства како кај возилата со обичен погон. Не постои зџголемена опасност ниту за лицата што ќе се најдат први на местото на незгодата, при укажувањето помош.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai

Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai

BMW ново лого анкета

Идејата за менување на логото на BMW не мина најдобро