По неколку делници од германскиот аутобан наскоро ќе возат електрични камиони коишто ја добиваат енергијата преку трола, слично како градските тролејбуси
Владата на Меркел даде зелено светло за проектот на воведување на електричниот погон во транспортот со тешки товарни возила. Електрични камиони коишто со помош на пантограф се напојуваат со електрична енергија од жицата над автопатот, ќе возат по германските патишта од почетокот на следната година.
Во проектот кој е кофинансиран од германската влада учествуваат Siemens и Scania. За развојот и производството на пантографот е задолжен Siemens, додека хибридните камиони ќе пристигаат од шведскиот производител.
Целта на проектот е намалување на влијанието на штетните емисии од транспортот на стока врз животната средина. Само во Германија, транспортот со тешки товарни возила годишно произведува преку 56 милиони тони СО2. Преку тестирањето и поставувањето електрични инсталации врз неколку делници, ќе се дознае во колкава мерка би се намалил
а емисијата на штетни материи преку овој начин на електрификација на тешкиот транспорт.Во следните три години ќе се зголеува бројот на делници за тестирање на електричните камиони
Siemens и Scania веќе неколку години вршат интерни тестирања, но сега за првпат се отвора можност, влечењето струја од каблите врз патот да се тестира по јавни патишта. Во рамките на проектот, во следните три години постојано ќе се електрифицираат дополнителни делници од германската мрежа од автопатишта.
Два камиона на Scania со различна конфиогурација на хибридната погонска спрега ќе учествуваат во проектот. Од почетокот на 2019 година, едното возило повремено ќе вози по делницата А5, јужно од Франкфурт. По поствувањето на неопходните кабли, ќе се вози и по А1 во близина на Либек, како и по сојузниот автопат Б442 покрај Гагенау. Тоа ќе биде само почетокот на тестирањето што е планирано да достигне многу поголем обем.
Роланд Едел, главен техничар во огранокот за мобилност на Siemens: „Системот eHighway е економична и одржлива опција за декарбонизација на патниот транспорт. Покрај електричните компоненти во погонот, паметниот пантограф е клучен дел од системот: Тој го поврзува камионот со инфрастукрурата кога вози по автопатот.“ На овој начин се постигнува ефикасност на погонот од преку 80 проценти. Кога ќе го напушти делот од патот со соодветна инфраструктура, камионот продолжува со хибридната погонска спрега.