160
28 shares, 160 points

Постои верување дека електричните автомобили се добри само за лете. Студот го смалува капацитетот на батеријата, која што мора дополнително да дава енергија и за греење на кабината. Сето тоа драстично го смалува досегот. Но, возачите на електричен автомобил уживаат и во неколку предности

Зимата е периодот од годината кога возачите на автомобил со обичен погон имаат најмалку причини да им завидуваат на нивните колеги кои возат на струја. Греењето на кабината, на пример, не функционира најдобро. Но, овој проблем што навистина постоеше кај раните генерации, веќе е надминат кај денешните електромобили. Капацитетот на батеријата порасна и повеќе не е проблем таа да „одвои“ енергија за греењето.

Важна е и организацијата, подготовката за возењето. Додека возилото уште е приклучено на полнач, кабината може да се грее користејќи струја од мрежата. Голема комоција е кога тајмерот ќе го вклучи греењето, додека сопственикот уште појадува дома, за возилото потоа да го пречека со кабина дотерана на вистинската температура. Во исто време се грее и батеријата, со цел да се обезбедат оптимална моќност и функција уште од старт.

Норвешката асоцијација за електрични возила зимоска направи темелно тестирање на пет модели во услови на екстремен студ (повеќе на https://elbil.no)

И производителите препорачуваат возилото прво да се загрее. Најдоброто е во тоа што сета оваа подготовка се одвива преку струјната мрежа, без црпење на енергијата од батеријата и без скусување на досегот. Овој комфор секако дека е достапен и за возилата со обичен мотор, но за него треба посебно да се доплати. Тоа обично чини повеќе од 1.000 евра.

Сепак останува фактот дека студот го смалува капацитетот на батеријата, а со тоа се скусува и можниот досег со едно полнење. Генерално, студот ја смалува електричната спроводливост во батеријата. Кусо објаснување зошто се смалува досегот: Ако греењето во возилото е со моќност од пет киловати (коешто нормално дека продолжува да ја затоплува кабината во текот на возењето), а потрошувачката на струја на електричниот погон изнесува 15 киловатчасови на 100 километри, јасно е зошто досегот зиме се скусува за околу 30 проценти. Но, постои начин тоа да се коригира.

Топлинската пумпа е вистинското решение, но за неа треба да се доплати

Електричните модели на BMW, Tesla и на останатите производители поседуваат различни режими на возење, коишто го смалуваат влијанието на студот врз досегот и врз перформансите на возилото. Во овие режими обично се смалува моќноста на греењето и се оптимира распределбата на топлината. Мудар потег е да се вклучат грејачите во седиштата и во воланот, затоа што тие трошат помалку струја од греењето на кабината. Затоа, искусните „електромобилисти“ практикуваат да ја смалат температурата во кабината за три или четири степени, компензирајќи со вклучување на грејачите во седиштата и воланот.

Друг начин за смалување на потрошувачката е топлинската пумпа. Таа ја користи топлината од батеријата и од електромоторот, за да ја загрее кабината. Заедничката работа на греењето на струја и на топлинската пумпа се регулира целосно автоматски. На тој начин, досегот останува практично непроменет. Но, за топлинска пумпа треба да се доплати посебно кај BMW, Volkswagen или Renault.

Загреана батерија се полни побрзо, за „студена“ батерија е потребно двапати подолго време

Батеријата на електричните автомобили се полни побрзо, кога е загреана. При екстремен студ, возачите треба да очекуваат полнењето да трае двапати подолго. Потребна е топлина, за хемиските реакции во литиум-јон батеријата да се одвиваат оптимално.

Влијанието на студот се чувствува најмногу кога возило со речиси празна батерија ќе се паркира надвор. Тоа може да предизвика натамошно намалување на напонот во батеријата и пречекорување на критичната граница. Во тој случај стапува на дело заштитата на батеријата. Возилото тогаш може да се движи само со минимална брзина.

Батеријата е заштитена со дебела и ефикасна изолација

Ниските температури влијаат и врз таканаречената рекуперација, односно повратокот на енергијата при сопирање. Кога автомобилот е изладен, рекуперацијата не е толку ефикасна како при загреан автомобил. По неколку километри, возилото сепак ја постигнува работната температура, а со тоа се обезбедува и оптимална работа на овој систем што енергијата при сопирање ја користи за полнење на батеријата.

Не постои опасност да замрзне батеријата. За таа намена служат неколку различни изолациски слоеви. Батеријата во моделите на Tesla, на пример, опкружена е со течност, којашто спречува и мрзнење и прегревање. Фактот што калифорнискиот производител продава најмногу возила на европска почва во Норвешка и Данска, говори дека електричните автомобили на Tesla немаат проблеми со студот.

Студот остава помалку траги врз механиката – затоа што таа е сведена на минимум

Генерално, електромобилите се подобри зимски автомобили. Екстремниот студ не предизвикува прекумерно абење на механичките компоненти во погонот, затоа што нивниот број е речиси незначителен кај електричните автомобили. Покрај тоа, електромоторот нема потреба од масло, филтер или промена на истите. Дизелите се изложени на големи оптоварувања во зима, а сите мотори со внатрешно согорување имаат зголемена потрошувачка на гориво при студ.

На крај, автомобил со дизел или бензински мотор треба да се извози десетина километри, за катализаторот во издувниот систем да проработи оптимално, а тоа значи да ја постигне целосната ефикасност во пречистувањето. Градските тури, најчесто се долги три до четири километри. Тоа, пак, повторно води кон темата за прекумерното загадување на воздухот во градските средини и до старите возила, како главни причинители за истото.

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

Volkswagen Passat отстапува место за електрични модели

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
28 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743