за

Почнува големиот пробив на електричните автомобили

renault zoe електричните автомобили

Кина и Норвешка ги задржуваат шампионските позиции во електричниот погон и во првото тромесечје од годинава. Во Кина за три месеци се продадени 142.445 електрични автомобили, што претставува сензационален раст од 154% во споредба со минатата година. Соодветно се зголемил и уделот на возилата на струја во вкупната продажба, од 0,8 на два проценти.

Бројот на продадени електрични автомобили во Норвешка е далеку зад продажбата во азиската држава, но затоа Скандинавците се недостижни во поглед на уделот на автомобилите на струја. Во земјата се продале 16.181 електричен автомобил до март или за 20% повеќе отколку во првото тромесечје лани. Нивниот удел во вкупната продажба достигна рекордна вредност, со 47,9 проценти, наспроти 35,3 проценти лани.

Електричните автомобили напредуваат на сите поважни пазари

Големиот пробив на електромобилноста не се случува само во овие две земји, туку и останатите важни пазари. Германските производители долго време го занемаруваа погонот на струја и инвестираа во дизел моторите, но во меѓувреме се забележува дека и на најголемиот европски пазар се случуваат промени. Продажбата на дизели во земјата е во слободен пад. Помалку од една третина од продадените автомобили во март биле дизели (31,3%), што е за околу една четвртина помалку отколку во истиот период лани.

Затоа пак, расте продажбата на електричните автомобили. За три месеци, германскиот пазар регистрирал 17.549 автомобили на струја или за 70% повеќе отколку во првиот квартал во минатата година. Порасна и уделот од 1,2 на два проценти. Германците повеќе се интересираат за „батериски“ електрични автомобили, чијашто продажба пораснала за 80%, наспроти растот од 60% на плагин-хибридите.

Втор најголем пазар за електричите автомобили во светот се САД. За три месеци таму се продале 54.000 возила на струја, што претставува раст од 32 проценти. Батериските и плагин-хибридните автомобили учествуваат приближно подеднакво. Пазарниот удел пораснал од еден на 1,3 проценти, што е релативно ниска вредност во споредба со останатите важни пазари.

Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Тркалото на иднината е електрично

Србија ќе произведува делови за електрични возила за ZF

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel GT 50 godini

Opel GT спортуваше уште пред Manta и Calibra

дизел скандал, користени автомобили

Увозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти