за

Електричните автомобили првпат во минус по пет години

полначи за електрични возила
полначи за електрични возила

Светската продажба на електрични автомобили во третиот квартал првпат забележа пад во статистиката што се води од 2014 година наваму. Минусот најмногу се должи на кинескиот пазар, додека Европа продолжува да напредува во ерата на електромобилноста.

Бројот на новорегистрирани електрични автомобили, вклучувајќи ги плагин-хибридите, во третиот квартал од годинава првпат забележа пад во последниве пет години. Продажбата од јули до септември во светски рамки е во минус од 8,8 проценти. Тоа го покажува истражувањето на познатата консултантска компанија PwC, коешто се изведува на секои три месеци, од 2016 година наваму.

Автомобилите „на батерија“ во последното тромесечје имаат пад од 2,8 проценти, со 321.573 продадени примероци на најголемите автомобилски пазари во светски рамки. Негативата повеќе ја произведуваат плагин-хибридите, чијашто продажба се намалила за 23,8 проценти, со 102.097 возила меѓу јули и септември.

Кина, како водечки пазар во светот за електрични автомобили и доставни возила со погон на батерија, во третиот квартал забележа масивен пад, и тоа во сите разгледувани сегменти. Батериските електрични автомобили се во минус од 15,7%, плагин-хибридите имаат -27,3%, хибридите -20,0 проценти.

Причина за ова назадување на кинескиот пазар е укинувањето на државните субвенции за купувачите на електрични автомобили. Аналитичарите на PwC сепак ценат дека тоа нема да прерасне во долготраен тренд, затоа што се очекува производителите соодветно да реагираат со ново структурирање на цените и на моделската понуда. До 2021 година ќе се укинат и субвенциите за производителите на електрични автомобили.

Новите модели ја заживуваат продажбата на електрични автомобили во Европа

Во Европа нема промени во поглед на субвенционирањето на чистите возила, меѓутоа пазарот продолжува да напредува. Најголемите пет пазари, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија, заедно со електро-предводниците Норвешка и Холандија, во третиот квартал од 2019 година пораснаа двојно (јули: +97,1 проценти; август: +75,5 проценти; септември 2019: 114,3 проценти).

Удвојувањето на продажбата се должи главно на тоа што испораките на Tesla Model 3 на европскиот пазар во меѓувреме се стабилизираа. Истото важи и за останатите нови модели. PwC посочува дека, различно од очекувањата, батериските електрични автомобили имаат подобра продажба од плагин-хибридите.

Во САД исто така се скусил пазарот за електрични автомобили во третиот квартал (-15,5 проценти кај електричните и -29,8 проценти кај плагин-хибридите). Причината лежи во фактот што американските возачи и натаму масовно се откажуваат од класичните лимузини и преоѓаат на тешки и големи СУВ-модели. Електричните модели најчесто се нудат во класичните каросериски форми, ретко како СУВ.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

паладиум катализатори рекордна цена

Цената на паладиумот за катализатори достигна нов рекорд

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи