175
24 shares, 175 points

Полнењето на батеријата на електричните возила во иднина ќе трае само неколку минути. Струјата на полнење станува сé посилна, а електричарите веќе знаат за каков проблем станува збор.

Чекањето со часови додека се наполни батеријата на електричниот автомобил повеќе нема да се случува во иднина. Полначите сé побрзо ја полнат батеријата, но со тоа се смалува ефикасноста. Калифорнискиот специјалист за електрични возила Tesla прв почна со изградба на сопствена мрежа од супербрзи полначи. Во почетокот полначите имаат моќност од 90 kW, потоа се премина на 120 и на 145 kW. Во иднина ќе се полни со 250 kW. Тоа значи дека за само пет минути ќе се обезбеди енергија за 120 километри пат.

Во меѓувреме се разбуди конкуренцијата. Европскиот стандард CCS наскоро ќе нуди до 250 kW, а во подолг рок се најавуваат и 500 kW. Неодамна претставениот кинеско-јапонски стандард Чао Ји ќе достигне дури 900 kW во видно време. Европските производители на камиони развиваат полначи со моќност до 3 MW. На тој начин ќе се овозможи помасовна електрификација и во транспортниот сектор. За споредба, домашната приклучна кутија располага со најмногу 3,6 kW.

Енергија за сто километри пат ќе се наполни за околу минути – тоа ќе биде и повеќе од доволно до следната станица за полнење

Моментно само малку автомобили можат да ја користат високата моќност на полначите. Меѓу нив секако предничи Tesla Model 3 со 200 kW. Нов стандард пристига со Porsche Taycan, со моќност од 600 КС и досег до 500 километри. Електричната спортска лимузина ќе има премиера во септември на салонот во Франкфурт, а испораките ќе следат во почетокот на следната година. Кај неа ќе бидат можни 250 kW, а по 2021 година ќе се овозможи и полнење со 350 kW. Батеријата со капацитет од 95 kW ќе се наполни до 80% за само 15 минути. Енергија за сто километри ќе се обезбедува за помалку од четири минути.

Мрежата од 400 супербрзи полначи во Европа уште се комплетира. Ionity е сопствен проект на производителите на автомобили, но станиците за полнење се скапи. Една од причините за тоа е неопходноста од силно ладење на каблите за полнење. Тоа укажува на вториот проблем што се поврзува со полначите со висока моќност. Со зголемувањето на моќноста се зголемуваат и загубите. Тие се должат на електричите отпори во трансформаторите и каблите, во коишто дел од електричната енергија се претвора во топлина. Колку е повисока моќноста, толку се ослободува и повеќе топлина. На тоа се надоврзува и струјата што се троши за ладењето.

Загубата изнесува пет до шест проценти. Во батеријата во возилото исто така се ослободува топлина, којашто по потреба мора да се одведе. Вкупната загуба изнесува и од надворешната температура, капацитетот на батеријата (подобро е поголема батерија), наполнетоста (празна е подобро) и нејзината температура (постудено е подобро). Последниот фактор зависи од начинот на возење пред полнењето.

Загубите не се мали. На тест на АДАК, за батеријата од 100 kWh беа потребни 108,3 kWh енергија за полнење. Тоа се пет до десет проценти. Практиката ќе покаже колку ќе бидат големи загубите во иднина, со силните полначи.

Бавното полнење со наизменична струја е поефикасно од брзо полнење со еднонасочна струја. Тоа е подобро и за времетраењето на батеријата. Користењето на полначите не е евтино, односно нормално дека за потрошената струја се плаќа поскапо отколку дома. Тоа значи дека брзите полначи не треба да се користат за секојдневно полнење. Но, во случај кога треба да се патува подалеку, поскапата такса ќе мора да се плати. 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

175
24 shares, 175 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *