за

Две третини од Британците очекуваат „електричните автомобили“ да се именуваат само „автомобили“ до 2030 година

Две третини од Британците очекуваат „електричните автомобили“ да се именуваат само како „автомобили“ до 2030 година
Две третини од Британците очекуваат „електричните автомобили“ да се именуваат само како „автомобили“ до 2030 година

Истражување на Go Ultra Low, заедничка владина и индустриска кампања за промоција на електричните возила во Велика Британија, покажа дека повеќе од две третини (69%) од испитаниците очекуваат „електричните автомобили“ да се именуваат едноставно „автомобили“ до 2030 година.

На прашање, кои фактори најмногу влијаат врз решавањето за купување електричен автомобил, близу половина (45%) од испитаниците одговориле дека тоа е подобрувањето на инфраструктурата од полначи. Мрежата од полначи во земјата моментно опфаќа повеќе од 25.000 посебни полначи, на преку 9.500 локации.

Во последните 30 денови, просечно се поставувале повеќе од 500 нови полначи на ден. Британската влада неодамна одвои 70 милиони фунти за проширување на мрежата од брзи полначи, за нивниот број да се зголеми од сегашните 2.100 на повеќе од 5.000 станици.

На истото прашање, точно четвртина од испитаниците ценат дека понудата на поголем број различни модели би ја зголемило шансата за избор на електричен автомобил. Притоа, луѓето веруваат дека пазарот моментно нуди само 15 модели. Реално, производителите нудат 24 електрични и 27 плагин хибриди.

Во следните 12 месеци, понудата од модели ќе се зголеми двојно. Цената на електричните автомобили ќе биде споредлива со моделите со бензински или дизел мотор до средината на следната декада

ТВ-водителот, писател и авантурист Бен Фогл, воедно амбасадор на Go Ultra Low, изјави: „Големо охрабрување е тоа што луѓето очекуваат електричните возила да прераснат во стандард за малку повеќе од една декада. Нашето истражување покажува дека додека стануваме се повеќе свесни за предностите од поседување електричен автомобил, се зголемува и веројатноста луѓето да преминат на чист погон и да изберат електрично возило, паралалено со зголемувањето на понудата од модели и развојот на мрежата од полначи.“

Во кампањата Go Ultra Low учествуваат Audi, BMW, DS, Hyundai, Jaguar Land Rover, Kia, Mercedes-Benz, Nissan, MINI, Peugeot, Renault, smart, Tesla, Toyota и Volkswagen, а се очекуваат и останати производители.

Бен Фогл e автор и водител на „Where the wild men are“ на BBC

https://www.instagram.com/p/B2WtWhQnl0-/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување

Audi повторно ќе го менува шефот, новиот доаѓа од BMW