за

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD
Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Холандската компанија за јавен превоз Keolis ја направи најголемата единечна нарачка на електрични автобуси во Европа. Станува збор за 259 автобуси со погон на струја од кинескиот производител BYD.

Обновувањето на јавниот превоз во Европа има јасен тренд. Електричните автобуси пристигаат масовно во возниот парк на големите компании, со што од една страна се постигнува голем напредок во заштитата на животната средина, а од друга страна се смалуваат оперативните трошоци. Кинескиот BYD ја доби досега најголемата единечна нарачка за електрични автобуси во Европа.

Првата испорака од вкупно 259 автобуси со погон на струја ќе пристигне во Холандија во текот на следното лето, по што постепено ќе се вршат останатите испораки во координација со превозникот. Паралелно ќе се работи на приспособување на станиците за неопходната техника за полнење, утврдување на процедурата на полнење, како и обезбедување на локално производство на струја од одржливи извори.

Нарачката вклучува миди-автобуси долги 8,7 метри и автобуси во класична должина од 12 и 13 метри. Компанијата Keolis ќе ги пушти електричните автобуси во сообраќај во Зволе, Апелдорн и Лелистад, во регионот на Исел-Вехт. Сите автобуси ќе поседуваат пантрограф, односно конектор на покривот што овозможува брзо полнење на батеријата во текот на возењето или при мирувањето во гаража, без потреба од приклучување на полнач.

BYD е најголем производител на електрични автобуси во светски рамки со повеќе од 45.000 испораки досега

BYD досега има испораки во 10 држави и близу 60 градови само во Европа. Вкупниот возен парк од кинескиот производител во овие градови брои 1.200 електрични автобуси, во насока на подобрување на квалитетот на воздухот во градовите и ограничување на емисијата на стакленички гасови од сообраќајот.

Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford Focus ST

Top Gear вели дека Ford Focus ST е спортски компакт на годината

Новата фабрика на Kia во Индија ќе произведува 300.000 возила годишно

Новата фабрика на Kia во Индија ќе произведува 300.000 возила годишно