195
24 shares, 195 points

Камион од 45 тони е најголемото електрично возило во светот. Рудничкиот дампер сепак не е перпетум мобиле, како што наведува насловот, но заштедата во трошоци е шампионска. Поштедата на животната средина уште повеќе.

Во Швајцарија вози еден руднички кипер со погон на струја, каков што секоја компанија од оваа сфера може само да посака. Електричниот дампер носи 65 тони карпи и притоа не троши ниту „грам“ струја – речиси не троши, зашто во спротивно би станувало збор за перпетум мобиле. Овој супертежок транспортер се користи во каменоломот на една фабрика за цемент во Швајцарија и мора само незначително време да мирува приклучен на полнач за струја.

Сензацијата повеќе е во видот на теренот што секојдневно го совладува камионот, отколку во самиот камион. Дамперот во каменоломот се товари со 65 тони карпи и потоа се спушта по надолнина од 13 проценти. По пат, електромоторите го сопираат џиновскиот камион. Енергијата што притоа се ослободува, се акумулира во батеријата од 700 kWh. Нормален дампер не ја користи оваа непроценлива енергија и само ја ослободува во средината во вид на топлина, којашто се создава при триењето во сопирачките.

Џиновскиот дампер ја претвора во струја енергијата што инаку би се „изгубила“ како топлина од сопирачките кај камионите со обичен погон, а тоа очигледно е многу енергија

Акумулираната струја потоа се користи за напојување на електромоторите, кога дамперот повторно ќе се искачува до каменоломот. „Слаткиот“ проблем на операторите е во тоа што камионот при спуштањето би можело да произведува повеќе енергија, отколку што е потребно за искачувањето. Менаџментот сепак не е заинтересиран околу оваа единствена можност.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Постои опција да се вгради поголема батерија, но во тој случај се става под знак прашање исплатливоста на електричниот дампер. Затоа, суперкамионот мора повремено да се приклучува на полнач.

Ефикасноста е неспоредливо повисока отколку со дизел мотор. Бројките се запрепастувачки: Обичен руднички кипер би трошел 50.000 литри дизел годишно. Согорувањето на оваа „маса“ би ослободило 130 тони јагледоден диоксид.

Рентабилноста на целиот проект на модификација на обичен кипер во електро кипер е пресметана за период од десет години. Во тој период ќе се пренесат 300.000 тони карпи и животната средина ќе се поштеди од 1.300 тони СО2. Многу се заштедува и во оперативните трошоци, односно во сметката за струја. Електричниот дампер е два и пол пати поскап од дизел камион, но работните трошоци се неспоредливо пониски.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Триесет електрични модели моментно во понуда: Старт од 15.900 евра

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

195
24 shares, 195 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *