за

Електричен конвој утре вози низ центарот на Скопје

Електрично Mini, електрични возила

Важен настан за електричните возила во Македонија се одржува утре во организација на Е-Мобилност. Дел од настанот е заедничко возење на сите видови електрични возила во конвој што ќе води до Порта Македонија

Здружението за електрични возила Е-мобилност за утре го најавува големиот настан на когошто на најочигледен начин ќе се покаже напредокот во залагањето и примената на електромобилноста во Македонија. Точно напладне, од кампусот факултети ФЕИТ и МФС во Скопје поаѓа конвој, во когошто ќе учествуваат сите видови возила со електричен погон, почнувајќи од електричните тротинети, кои се веќе секојдневна глетка низ градот, преку електрични велосипеди, квадрицикли, картинзи, до оние најпретставителните за погонот на струја, електричните автомобили. Нема да недостига и електричен автобус.

Електричниот конвој по излегувањето од факултетскиот кампус се движи кусо по булевар 8-ми Септември и продолжува в десно, по булевар Илинден, преку мостот и по булеварот Гоце Делчев, сé до вкрстувањето со Филип Втори Македонски, пред „Мавровка“. По скршнувањето в десно по правецот на оваа улица, ревијалното возење продолжува кон строгиот Центар, до улица 11-ти Октомври, во правец кон крајното одредиште, Порта Македонија. Организаторите ценат дека возењето ќе трае околу 20 минути. Електричните велосипеди и останатите лесни возила на погон на струја ќе имаат скусена рута, односно ќе можат да пристапат до „Триумфална“ директно преку градскиот плоштад.

Електричен конвој #1 е круна на низата активности на здружението Е-мобилност

Електричниот конвој е крунисување на настанот којшто почнува два часа претходно и предвидува богата низа активности. Дел од „Електричен полигон #5“, којшто ги запознава основците и средношколците со возилата на струја и со нивното значење за општетството и заштитата на животната средина.

електромобилност е-конвој

Значењето на настанот се потврдува и со масовното присуство на големи компании и институции, меѓу кои ЕВН, Телеком, Прокредит Банка, Фибернет М-К, ЈП Паркинзи, ЈСП, ФЕИТ, како и голем број иноватори и ентузијасти подржувачи на електромобилноста. Во рамките на настанот ќе бидат претставени и повеќе проекти во подрачјето на инфраструктурата. Директно по рутата на возење се поставени три јавно достапни полначи, а уште четири полначи за електрични возила се наоѓаат на оддалеченост од најмногу половина километар од рутата на Електричен конвој #1.

Конечниот збор ќе му припадне на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Електромобилност повикува на ревијално „е-возење“ на 20-ти септември

Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автобуси лондон

Автобуси на струја ќе возат низ Лондон

Audi e-tron

Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус