173
26 shares, 173 points

Електричните автомобили имаат два големи проблеми: Досегот и цената. Првото обично се користи како оправдување за второто. Цената повеќе не е проблем. Во Ахен е отворена фабрика за електромобил кој чини помалку од најевтиниот Golf

Професор за техники на производство на Техничкиот универзитет на Рајна-Вестфалија во Ахен е европскиот пандан на Илон Маск. Гинтер Шу деновиве е најчесто спомнувано лице во насловите поврзани со автомобилизмот во германските медиуми. Но, професор Шу драстично се разликува од визионерот Маск во својот пристап кон електричните автомобили. Додека Tesla произведува престижни и скапи електромобили, компанијата на Гинтер Шу им се посветува на едноставни и евтини автомобили со погон на струја.

Автомобилот на батерии на професорот ќе чини 15.900 евра во основната изведба. Сериското производство и испораката на малечкиот градски автомобил E.go Mobile ќе стартува наесен. Производител на возилото е E.go, стартап-компанијата на Хер Шу.

e-go mobile life 3

Цената на основниот модел E.go Mobile Life 20 е далеку пониска од моментно најевтиниот електричен автомобил и шампион на европскиот пазар, Renault Zoe, кој чини околу 22.000 евра, но со договор за користење на батериите и со плаќање месечна рата за тоа. Постојат и поевтини електромобили, како Renault Twizy, но тој е повеќе квадрицикл, отколку што е автомобил со целосна функционалност во секојдневието.

Пластичната школка е веќе бојадисана, деловите се стандардни од добавувачите на големите производители на автомобили

Заштедата кај E.go Mobile е постигната преку конструкцискиот пристап. Врз носечката структура од алуминиумски профили е поставена бојадисана пластична „школка“. Светлата, делови од подвозјето и од кабината, сите тие потекнуваат од постоечката производствена програма на добавувачите на компоненти на автомобилската индустрија. Тоа е многу поевтино отколку нарачка на ексклузивни компоненти, како што практикуваат автомобилските гиганти.

e-go mobile life 4

Голем дел од заштедата пристига и од големината на батеријата. E.go Life 20 користи батерија од 14,9 kWh, со што се постигнува досег од 136 километри. За повеќе досег треба да се доплати соодветно. E.go Life 60 располага со батерија од 23,9 kWh и може да извози близу 200 километри со едно полнење. Но, возилото чини 19.900 евра. Tesla го користи истиот принцип.

Професор Шу не е ново име на сцената на електромобилноста. Врвниот експерт уште во 2010 година го разви градскиот транспортер StreetScooter, којшто масовно се користи во Германската Пошта, а пристигаат и нарачки од други компании.

Планот е во 2019 година да се произведат 10.000 примероци од E.go Mobile Life во Ахен, за само една година подоцна, продукцијата да се зголеми двојно, со воведување втора смена. Прашањето е само како пазарот ќе го прифати „евтиниот“ електричен автомобил од непознатата марка, но произведен во Германија.

Три фабрики се предвидени во производствениот синџир на E.go Mobile AG. Втората фабрика веќе е во изградба и во неа ќе се изработува каросеријата за Life, додека изградбата на третата фарика стартува во август. Таа ќе се специјализира за електричниот минибус. Вкупната досегашна инвестиција изнесува 25,7 милиони евра.

Технички податоци · E.go Mobile Life 20

Електромотор со моќност од 20 kW (27 КС)
Батерија литиум-јон 14,9 kWh
Тежина на батерија 230 kg
Погон напред
Д х Ш х В 3348 х 1700 х 1567 mm
Меѓуоскино растојание 2200 m
Тежина 880 kg
Носивост 420 kg
Каросерија со 3 врати, 4 седишта
Сопирачки: Диск напред, барабан назад
Гуми 205/45R17
Крајна брзина 116 km/h
Досег 136 km
Досег во реални услови на возење: 104 km
Времетраење на полнење: На стандарден приклучок 6h

E.go Mobile Life

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
26 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743