за

Автомобилско лоби финансирало експерименти со издувни гасови врз луѓе

merenje azotni oksidi

Германски производители на автомобили подржувале истражување во коешто штетното влијание на издувните гасови се тестирало на луѓе. Во експерименти со издувни гасови во универзитетска лабораторија, повеќе од дваесет лица вдишувале азотни оксиди.

Јавноста беше згрозена од работата на едно истражувачко здружение откако се дозна дека во неговите лаборатории биле вршени експерименти со мајмуни. Како што јавуваат германските медиуми, здружението го истражувало влијанието на штетните издувни гасови и врз луѓе. Европското истражувачко здружение за животна средина и здравје во транспортниот сектор (ЕУГТ) извршило експерименти со издувни гасови во коишто учесниците биле изложени на азотен диоксид.

Експериментот под работен наслов „Студија со краткотрајна инхалација на азотен диоксид од здрави луѓе“ бил извршен пред повеќе од три години. На Институтот на Универзитетската клиника во Ахен, 25 млади и здрави лица неколку часови вдишувале азотен диоксид со различни концентрации. Во студијата не се докажало штетното влијание. Ваквиот заклучок бил еден вид заштита за производителите на автомобили, во случај нивните возила да бидат посочени како извор на штетните азотни оксиди.

Експериментите со мајмуни во САД требало да докажат дека дизел моторите се чисти

Здружението во 2007 година го основале автомобилските производители Volkswagen, Daimler и BMW, како и добавувачот Bosch. Од минатото лето, здружението не работи. Во меѓувреме, концернот Volkswagen јавно се извини за експериментите со животни коишто биле извршени во САД. Експериментите требало да докажат дека количината на штетни издувни материи од дизел моторите е значително смалена, благодарение на современите системи за пречистување.

Како нарачател на експериментот во Институтот за респираторни истражувања Лавлејс во САД повторно се појавува здружението ЕУГТ, а потписник е Volkswagen. Германскиот концерн искажа „извинување за погрешните постапки и погрешните процени на поединци.“ Daimler исто така изрази жалење за серијата експерименти во САД и најави истрага во којашто ќе се утврдува одговорноста за случајот.

Ова е уште едно мрачно поглавје во дизел-скандалот којшто започна во 2015 година. Volkswagen плати скапа отштета во САД заради огромните отстапувања меѓу реалните и лабораториски измерените вредности на азотните оксиди во емисијата на своите дизел мотори. Во меѓувреме се покажа дека и останатите производители на различни начини ја манипулирале емисијата на штетни материи. Во повеќе европски метрополи веќе постои забрана за пристап со стари автомобили со дизел мотор во еколошки заштитените подрачја, а рапидно расте и бројот на градови кои најавуваат воведување забрани во следниот период. Продажбата на возила со дизел мотор на европскиот пазар бележи огромен пад.

Фабрика на Bosch во криза поради слабата продажба на дизелот

Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа

Германија за дизелите наплаќа до 47% поскапо осигурување

Брисел ги исклучува дизелите со Еуро 1 и Еуро 0

Течен метан на пат да го замени дизелот во камионите

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus NX 300h test

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

mclaren 12c

Британски осигурители ги објавија најскапите поправки лани