167
24 shares, 167 points

Еколошката погодност на службените возила на германските политичари се најде под лупа на влијателните организации за заштита на животната средина.

Кога е во прашање заштитата на животната средина, еколозите во Германија не ги поштедуваат своите политичари од критики. Заклучокот од 12-та проверка на службените автомобили на владините функционери: Ниту еден автомобил во реални услови на возење не ги задоволува граничните вредности што ги има поставено ЕУ.

Најчисто се вози министерката за животна средина за Берлин, Регине Гинтер, додека на спротивниот крај е прв градоначалникот на Берлин, Михаел Милер.

Германското здружение за животна средина особено го критикува големиот удел на службени возила со дизел мотор, исто како и на плагин-хибридите. Еколозите бараат сојузните германски покраини да ги отстранат од возниот парк плагин-хибридите, коишто во реални услови на возење испуштаат повеќе од 130 грами CO2 на километар.

Претседателката на здружението за заштита на животната средина Барбара Мец ги критикува дизелите во возниот парк на германските политичари како „грозен кабинет“

Сојузната влада пред неколку месеци се откажа од планот, до 2020 година да ја намали емисијата на стакленички гасови за 40 проценти во споредба со 1990 година. Една од причините е тоа што емисијата на СО2 од сообраќајот дури и се зголемува во последниве години. Потрошувачката на гориво на новите автомобили се намалува само на хартија, дедека во реалноста владее спротивна ситуација. Тоа воопшто не ги колеба политичарите да седнуваат во „климатски убијци“ – според жаргонот на еколошкото здружение.

Ниту едно од вкупно 236 возила во служба на владините функционери не го задоволува лимитот на ЕУ од 130 грами СО2 на километар. Тоа важи за реални услови на возење, не за лабораториските измерени вредности. Уделот на дизели во возниот парк се смалил од ланските 73 проценти на 62 проценти годинава.

Со реална емисија на СО2 којашто се движи од 154 g/km за службеното возило на сенаторката за образование од Бремен, Клаудија Бодеган, до 408 g/km кај возилото на берлинскиот градоначалник Михаел Милер, германските политичари се многу далеку од целта на ЕУ, емисијата на СО2 по 2020 година да се ограничи на 95 g/km.

Најчисто возило има министерката за образование, „највалкано“ министерот за развој

Од министрите за животна средина, најниски вредности на СО2 имаат возилата во министерствата во Берлин, Хамбург и Бремен, со по 164, 165 и 171 g/km. Во сојузниот кабинет, најчисто вози автомобилот на министерката за образование Ања Карлишек со 193 g СО2/km, но моторот е дизел. Во истиот кабинет, најлоша вредност имаат автомобилот на министерот за развој Герд Милер (229 g CO2/km) и на министерката за правда и заштита на потрошувачите Катарлина Барли (235 g CO2/km).

Според просечната вредност на СО2 од сите возила во едно министерство, најдобри се „полицајците“ со 192g CO2/km, кои сепак возат исклучливо дизели. Следи министерството за финансии со 196 g СО2/km. Најголема штета врз животната средина предизвикуваат возилата на министерството за земјоделие со 231 g CO2/km.

Од сојузните покраини, најчисто возат функционерите во Бремен (177 g CO2/km), а „највалкано“ во Северна Рајна – Вестфалија, со просечни 246 g CO2/km.

Во еко-тестот не беа вклучени возилата на канцеларката Меркел, на министерката за одбрана и на министрите за финансии, за внатрешни работи и за надворешни работи, поради тоа што се работи за безбедносно чувствителни податоци.

Еко-биланс на службени возила на германските политичари

Еко-биланс на службени возила на германските политичари


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
24 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743