за

Германија пушти електричен автомобил за 20.000 евра

e.go mobile life start prod

Од фабриката во германскиот град Ахен е испорачан првиот сериски примерок од електричниот автомобил e.GO Life. Новата марка на сцената на електромобилноста го нуди градскиот автомобил веќе за 15.900 евра. Досега се нарачани 3.300 возила, производителот очекува да ги комплетира овие испораки до крајот на годинава.

Германската компанија e.GO Mobile AG започна со испораките на електричниот автомобил e.GO Life од фабриката во Ахен. Подготовките за производство, вклучувајќи ги неколкуте претсерии, стартуваа уште во март. Досега се добиени 3.300 нарачки.

Производителот планира да ги испорача сите досега нарачани примероци до почетокот на следната година. Тогаш ќе стартува и работа во две смени, со цел да се постигне годишна продукција од 15.000 примероци од e.GO Life. За сериското производство го халите 1 и 2 во Ахен моментно се ангажирани повеќе од 150 лица. Персоналот во иднина ќе се зголеми на 450 лица.

https://www.instagram.com/p/BxP0aBhHEHd/

Основач на e.GO Mobile AG е проф. др. Гинтер Шу, директор на лабораторијата за алатни машини на Универзитетот во Ахен. Во развојот на возилото учествуваа искуствата на повеќе од 3.000 научници од сите стручни насоки што се изучуваат на Универзитето, како и од близу 400 технолошки компании што работат во рамките на универзитетскиот камп.

Професор Шу докажа дека со примена на инфраструктура според принципите на Индустрија 4.0, веќе денес може да се произведува евтино и привлечно за потрошувачите. Електричниот e.GO Life е веќе реалност – и ќе биде уште повеќе дел од реалноста.

https://www.instagram.com/p/BxP0yVPHEG0/

Станува збор за компактно возило со простор за 4 патници, коешто е замислено како втор автомобил во семејството или како возило за големи возни паркови. Во почетокот e.GO Life ќе се испоралува со високонапонски електромотор со 60 kW и батерија од 21,5 киловатчасови. Цените за најсилната моделска изведба почнуваат од 19.900 евра.

Кон крајот на годинава ќе бидат достапни и подостапните изведби со мотор со 40 или 20 kW, и соодветно помала батерија, од 17,5 односно 14,5 киловатчасови. Основната изведба Life 20, со мотор со 20 kW, ќе чини 15.900 евра – не вклучувајќи ја масивната државна субвенција во Германија, којашто изнесува 4.000 евра. Тоа значи дека во најдобриот случај, основната изведба на електричниот автомобил ќе биде достапна веќе за 11.900 евра.

Основни технички податоци

e.GO Life 60

Тежина

Празно возило (EU)

1210 kg

Дозволена тежина

1,600 kg

Носивост

390 kg

Батерија

Вид

Литиум-јон

Капацитет

23.5 kWh

Напон

374 V

Досег (WLTP)

145 km

Време за полнење (шуко; 230 V)

9.8 h

Време за полнење (Тип 2; DC)

6.9 h

Погон

Моќност (Постојана / Крајна)

32/60 kW

Перформанси

Крајна брзина

142 km/h

Патно темпо

130 km/h

Забрзување 0-50 km/h

3.4 sec

Потрошувачка

на100 km (WLTP)

16.2 kWh

Димензии

Должина

3,348 mm

Ширина

1,748 mm

Висина

1,581 mm

Меѓуоскино раст.

2,200 mm

Друго

Круг на вртење

9.8 m

Седишта

4

Цена

Од € 19,900

Електромобил од 16.000 евра претставен на Cebit

Електромобил за 16.000 евра стартува со производство во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla Тејлор Џексон

Двојка снимила жешки сцени во автопилотирана Tesla, се јави и Илон Маск

audi nova oznaka modeli

Кој знае да ги чита новите моделски ознаки на Audi?