за ,

Effeffe Berlinetta: Олдтајмер со подмладено срце

Во италијанската Модена уште живее духот на старите времиња. Малечка работилница изработува спортско купе што потсеќа на Alfa од 1950-те, со автентична техника и одушевувачки верна конструкција.

Колку што големосериските производители притискаат да го воведат автономното возење и да нé пренесат во иднината, толку повеќе се појавуваат ентузијасти што контрираат со заживувањето на духот на минатото. Во Верано Брианца, во близина на срцето на италијанската автомобилска традиција Модена, малечка работилница изработува спортско купе со изглед што се повикува на легендарните тркачки купеа на Alfa Romeo од 1950-те години, во комплетно рачна изработка и класичен пристап во конструирањето.

Efeffe Berlinetta не е козметика на база на големосериска техника, туку до последен детал е верен на духот на старите времиња
Efeffe Berlinetta не е козметика на база на големосериска техника, туку до последен детал е верен на духот на старите времиња

Effeffe Berlinetta се појави за првпат на ексклузивниот собир на олдтајмери покрај езерото Комо во 2014 година и сега е веќе подготвена да ги освојува „возачите кои сонуваат за тркачките автомобили од Миле Миља, Тарга Флорио или Карера Панамерикана, што за викенд ќе можат со нив да се одвезат и до театар“ – како што целата приказна ја објаснува малечката работилница Fratelli Frigerio.

Купето што го живее стариот дух во во современиот свет треба да претставува еден вид „cafe-racer“ на четири тркала, по пример на трендот што внесе нова-стара свежина кај мотоциклите. При изработката на Efeffe Berlinetta се користени истите материјали, истата посветеност и истото внимание за детали со кое што автомобилските ентузијасти пред повеќе од половина век сé уште умееја да реализираат своите соништа на четири тркала.

Четирицилиндарец од Alfa Romeo 2000 со два карбуратора Weber 45 DCOE

Срцето на автомобилот е дволитарски мотор од Alfa Romeo со две брегасти вратила и два погонски синџира, кој со два карбуратора со две грла Weber 45 DCOE постигнува 180 КС при 6.500 вртежи и ги испорачува до задната оска преку петстепен мануелен менувач. Станува збор за врвно ремонтиран мотор со потекло од Alfa Romeo 2000, „фризиран“ да држи чекор со модерните тркачи – иако секогаш ќе биде во предност пред нив. Тоа што одушевува најмногу е веродостојноста на конструкцијата. Место под ламарината да се крие техника од некој постоечки големосериски автомобил и целата приказна да се сведе на најобична шминка, Efeffe Berlinetta користи рачно изработена челична цевна рамка, како основа за каросеријата што е изработена од алуминиум.

effeffe berlinetta 00014Предната оска со триаголни водилки располага со сите можни дотерувања на геометријата, на пружините и амортизерите, додека назад работи крута оска, со легендарната „ватова врска“ и исто така располага со сите можности за дотерување. Целата приказна совршено ја заокружува податокот за тежината: 790 килограми.

Истиот пристап продолжува и во кабината. Бројач на вртежи со скала до 10.000 од Jaeger, мерачи за притисок и температура на масло, волтметар, волан од Nardi со обрач од махагон и алуминиумски краци со пречник од 360 милиметри, глава на рачка на менувач како репродукција на Alfa Romeo GTA, а секако и алуминиумски педали со можност за дотерување.

effeffe berlinetta 00003

На местото на пластиките и полиуретаните од денешните автомобили тука може да се најде само мека кожа, хром, дрво, па дури и волнени теписи. Купувачите имаат можност да нарачаат изработка на ентериерот по желба и според џебот, при што може да се ангажираат дури и легендарните мајстори на Matteograssi. Дури и изработка на куфери по мера не смее да отсуствува. Клима уред е опција, прекинувачи за електрика за прозорци не доаѓаат во предвид ниту под разно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce преоѓа на „темната страна“ со екстра-скапата серија Black Badge

Volvo „краде“ струја од автопатот и ги искористува останатите возила како батерии