за

Прв лет на најголемиот електричен авион во светот

ecaravan електричен авион
ecaravan електричен авион

Овие две имиња ќе бидат забележани во историјата на пионерите во авијацијата. MagniX и AeroTec успешно го реализираа првиот лет на најголемиот патнички авион со електричен погон.

Компанијата MagniX, производител на електричен погон за авиони и AeroTec, водечка компанија во тестирањето и инженерингот во подрачјето на аеронаутиката, успешно го реализираа првиот лет на електричната Cessna Grand Caravan 208B. Историскиот лет на eCaravan, задвижуван од погон magni500 со моќност од 560 киловати (750 КС), се одржа во центарот за тестирање на меѓународниот аеродром во Моузис Лејк, Вашингтон. Станува збор за најголемиот патнички авион со електричен погон. Овој чекор несомнено ќе води кон забрзување на електро-револуцијата во авијацијата.

Првиот човек на magniX, Рој Ганзарски, коментираше за важниот потфат: „Првиот лет на eCaravan е уште еден чекор што ќе води кон примена на овој авион со среден досег и со незначителни работни трошоци, со нулта емисија, за летови меѓу помали аеродроми. Овој електричен комерцијален авион ќе направи летовите да станат достапни на начин што досега беше незамислив.“

Погонскиот систем magni500 може да се користи за постоечки авиони да се префрлуваат на погон на струја, со предностите во поглед на оперативните трошоци и цената на авионската карта, како и во поглед на заштитата на животната средина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Haval H6 достигна тримилионска продукција

Haval достигна тримилионска продукција за моделот H6

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8