за

Ebay е центар за трговија со делови од украдени автомобили

Цвета трговијата на интернет со делови од украдени автомобили. Магазинот Auto Bild спроведе истражување во коешто го потврди тешкиот криминал вреден милиони долари.

Репортер на водечкиот европски магазин за автомобили Auto Bild, претставувајќи се како сопственик на такси компанија, на платформата за интернет трговија Ebay контактирал со човек од Австрија, за когошто полицијата веќе подолго време се сомнева дека тргува со делови од украдени автомобили и кој во меѓувреме се крие во Југоисточна Азија. До бегството во декември минатата година, Австриецот тргувал со стока во вредност од околу 2,9 милиони евра. Очигледно дека тој сé уште е активен на овој сервис за наддавање на интернет.

„Минаа шест недели додека Ebay го блокираше првото корисничко конто, а ние во меѓувреме го добивме и налогот за притвор“, открива Андреас Кумер, шеф на полициската служба во Австрија за откривање на криминал со автомобили. По бегството, Австриецот продолжил со активноста под ново конто на Ebay. Неговото конто повторно е блокирано, но криминалецот и натаму продава на другите интернет берзи.

Најмногу се продаваат мотори од украдени возила. Еден механичар го објаснува за Auto Bild начинот на „перење“ на моторот: „На секое доаѓање, еден Sprinter носеше пет нови мотори во фирмата и си заминуваше со пет дефектни мотори. Трговецот потоа ги гравирал важечките сериски броеви во украдените мотори, со што се губи секаква трага.“ Против неговиот работодавец веќе е поднесена кривична пријава. Тој продал украдена стока во вредност од 4,7 милиони евра. Полицијата пронашла 500 мотори, 700 менувачи и три комплетни возила на Porsche во неговата механичарска работилница.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија на Ford: Возачите во Грција, Шпанија и Италија не сакаат сонце

Porsche со промет од четири милијарди евра за три месеци