Вести

Производител на правосмукалки ветува три електрични автомобили

Две милијарди фунти за развој на батериска техника и производство на автомобили не се несериозна работа

Производителот на правосмукалки Dyson најавува три електрични автомобили. Во објавата на „Фајненшел Тајмс“ се наведува дека првиот модел ќе се појави во 2020 или 2021 година. Моделите што ќе следат потоа, место литиум-јонски батерии ќе поседуваат батерии со нова технологија.

Британскиот производител на апарати за домаќинство Dyson планира да го оствари својот пробив на автомобилскиот пазар со три модели. Првиот модел што ќе се појави во продажба ќе биде произведен во серија од само неколку илјади примероци, пишува „Фајненшел Тајмс“. Тој ќе помогне да се организира синџирот од добавувачи и ќе послужи за испитување на пазарот. Следните два модела ќе се произведуваат во многу поголема серија.

Во електричните автомобили на Dyson ќе се користи сопствената батериска техника со цврст електролит. Оваа техника овозможува многу поголем капацитет на батериите во споредба со литиум-јонската техника. Toyota најави дека ќе почне со користење на овие батерии во 2025 година. Првиот електричен автомобил на Dyson сепак ќе користи обична литиум-јонска батерија.

На Дајсон може да му успее тоа што на Маск му остана само на збор

Основачот и директор Џејмс Дајсон не ги коментира медиумските објави, но затоа потенцираше уште еднаш дека првиот електричен автомоби од неговата компанија ќе се појави во 2020 или 2021 година. Компанијата Dyson постигна вистинска револуција на пазарот на правосмукалки, откако ја замени праисториската хартиена ќеса во нив со таканаречен циклонски филтер. Денес секоја правосмукалка под 100 евра го поседува овој филтер. Dyson вложува една милијарда фунти во развојот на батерии и уште една милијарда фунти во производство на автомобили.

ФИА ги прикажа новите тркачки болиди во електричната формула

Електричниот пикап пристигна, но не e од Tesla

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729